ПОРАКА НА МОТ ПО ПОВОД 12 ЈУНИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ДЕТСКИОТ ТРУД

Меѓународната организација на трудот повикува на итна акција против опасните форми на детскиот труд. Од 215 милиони деца – работници 115 милиони извршуваат опасни работи...
Женева (МОТ вести) – Во новиот извештај издаден по повод 12 Јуни, Светскиот ден за борба против детскиот труд, Меѓународната организација на трудот (МОТ) предупредува дека застрашувачки голем број деца, околу 115 милиони од 215 милиони деца – работници, сè уште извршуваат опасна работа. МОТ повикува на итна акција за да се стави крај на таа практика.
Во извештајот насловен „Деца во опасна работа: што знаеме и што треба да направиме“, се цитираат студии од индустријалзираните земји како и од земјите во развој, кои покажуваат дека секоја минута од секој ден некаде во светот дете-работник е предмет на незгода поврзана со работата, болест или психолошка траума.
Во извештајот, исто така, се вели дека иако вкупниот број деца на возраст помеѓу 5 и 17 години кои се наоѓаат на опасни работни места се намалил помеѓу 2004 и 2008 година, во истиот период бројот на деца на 15 до 17 - годишна возраст всушност се зголемил за 20 проценти и тоа од 52 милиони на 62 милиони.
„И покрај видниот напредок постигнат во текот на изминатата деценија, бројот на деца вклучени во искористување на детскиот труд низ светот, особено на опасни работни места, останува висок“, рече генералниот директор на МОТ Хуан Сомавиа. „Владите, работодавачите и работниците мора заедно да делуваат за да дадат силно водство при оформување и имплементирање на политиките и акциите што би ставиле крај на искористување на детскиот труд. Постоењето на детскиот труд е јасно обвинение против моделот на раст кој што преовладува. Справувањето со работа што ги загрозува безбедноста, здравјето и моралот на децата мора да биде заеднички и итен приоритет.“
Минатата година, Глобалниот извештај на МОТ за детски труд предупреди дека вложувањето напори во елиминирањето на најлошите форми детски труд забавува и изрази загриженост дека глобалната економска криза може дополнително да го попречи напредокот кон целата – елиминирање на најлошите форми на детски труд до 2016 година. Една година подоцна, МОТ е сèуште крајно загрижена поради влијанието што кризата го има врз децата.
Извештајот повикува на обновени напори за да се осигура дека сите деца остануваат во образование барем до минималната возрасна граница за вработување, а исто така и земјите да изготват список со опасни работни места според барањата на Конвенциите на МОТ за детски труд. Исто така во извештајот се вели дека е потребна итна акција за справување со опасната работа што ја извршуваат деца кои ја достигнале минималната возрасна граница но може да бидат изложени на ризик на работното место и повикува на обучување и организирање на ваквите млади работници за да станат свесни за ризиците, правата и должностите на работното место.
Во извештајот исто така се вели дека изложеноста на опасности може да има особено жестоко влијание врз децата чии тела и умови се сèуште во развој дури и во доцните тинејџерски години. Ивештајот детално разгледува шест економски сектори: жетварско земјоделие, риболов, домашни услуги, рударство и каменоломство и улични и услужни индустрии.
Студијата забележува дека проблемот со деца на опасни работни места не е ограничен само на земјите во развој. Постојат докази кои доѓаат од САД и Европа, а укажуваат на висока ранливост на младината во однос на незгоди на работното место.
Други главни наоди вклучуваат и:
- Децата имаат повисока стапка на повреди и смрт на работа во споредба со возрасните како што покажуваат низа истражувачки студии.
- Значителен број деца работат долги работни часови што значително го зголемува ризикот за повреда.
- Најголемиот број деца на опасни работни места работат во Азија и Пацификот. Сепак, најголем дел од децата на опасни работни места во однос на вкупниот број деца во регионот е во областите во Африка под Сахара.
- Поголем дел од падот на вкупниот број деца кои работат опасна работа е кај девојчињата.
- Над 60 процетни од децата на опасни работни места се момчиња.
- Oпасната работа почесто може да се најде во земјоделството вклучувајќи риболов, шумарство, чување стока и работа во рибници покрај земјоделството за прехранување и комерцијалното земјоделие.
Извештајот на МОТ заклучува дека додека постои потреба на зацврстување на безбедноста и здравјето на сите работници на работното место, потребна е и посебна заштита за адолесценти на возраст помеѓу минаималната возраст за вработување и 18 години. Овие мерки треба да бидат дел од еден сèопфатен пристап каде што организациите на работодавачи и синдикатите, како и трудовиот инспекторат би имале особено важни улоги.
Досега 173 од 183 земји членки на МОТ, преку ратификување на Конвенцијата бр. 182 на МОТ за најлошите форми на детски труд, се обврзале да се справуваат со опасната работа што ја изведуваат деца и тоа како „итно прашање“.
За повеќе информации за искористување на детски труд или за барање на интервјуа, контактирајте со Меѓународната програма на МОТ за елиминација на детски труд на + 411 22 799 6164 или 6107 (англиски јазик), +41 22 799 6598 или 6618 (англиски јазик, француски јазик) 41 22 799 7037 или 7692 (англиски јазик, шпански јазик), или преку е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
За повеќе информации за работата на МОТ во Македонија може да контактирате со:
Меѓународна организација на трудот
Канцеларија на Национален координатор
Адреса:
Даме Груев 14,
1000 Скопје
Тел. 02 5512694
Е-пошта:
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it