СЕМИНАР ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

08.06.2011

Третманот на жените, формите на дискриминација и правото на синдикално организирање се некои од темите на семинарот што во организација на ССМ и Фондацијата “Фридрих Еберт“се одржува денес и утре во Охрид...


На 8 и 9 јуни во Охрид, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Фондацијата “Фридрих Еберт“, се одржува семинар на тема “Родовата еднаквост во Република Македонија“.

На семинарот ќе се дебатира за повеќе аспекти на положбата на жените, како за: потребата од родовата еднаквост како дел од човековите права, нееднаквиот третман на жените, родовата перспектива во формулирањето на политиките за елиминирање на сите форми на дискриминација кон жените, подобрување на учеството на жените во процесите на креирање, зајакнување и спроведување на националните развојни програми и стратегии за отстранување на родовите стереотипи во сите области од животот, пред се во работните средини.

На семинарот ќе се дебатира и за остварувањето на правото на организирање и здружување во синдикати и ќе се утврдуваат приоритетните прашања за натамошното залагање на Секцијата на жени при ССМ за подобрување на правата и положбата на вработените жени.

Во рамките на средбата ќе се изврши избор на органите на Секцијата на жени при ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc