ССМ НЕ УЧЕСТВУВА ВО ЈАВНИТЕ ДЕБАТИ ДО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ
There are no translations available.
09.05.2011
Поради претстојните парламентарни избори Сојузот на синдикатите на Македонија одлучи да не учествува во медиумските дебати и емисии до завршувањето на изборите...
Сојузот на синдикатите на Македонија информира дека, согласно Статутот и своите програмски определби и со цел да ја сочува својата автономна и независна позиција во однос на политичките процеси и претстојните парламентарни избори, до завршувањето на парламентарните избори нема да се вклучува во медиумски дебати и емисии, кои би можеле да влијаат на било кој начин врз независната, автономната и непартиска позиција на ССМ. За сите актуелни прашања околу ССМ е отворен за соработка после завршувањето на парламентарните избори.