АНТИМОБИНГ ОБУКА ВО ССМ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

thumb_03.05.2011_antimobing_obuka03.05.2011

Со обуката на 80 антимобинг советници се создава основа за формирање мрежа за заштита на жртвите од психички притисоци на работните места во целата држава...

Автори се хрватските експерти Снежана Васиљевиќ, Елвира Коиќ и Ивана Јолиќ

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа првиот дел од дводневната обука на анти – мобинг советници, која опфати 40 синдикални претставници, додека исто толку синдикалци ќе поминат низ обуката утрешниот ден.

Се надеваме дека обуката ќе создаде основа за формирање мрежа на антимобинг советници и дека работниците од целата земја ќе имаат блиско место да се обратат и да побараат помош. Натамошните активности и прибирањето на фактите ќе доведат до актуелизирање на прашањето за носење посебен закон за мобинг, изјави Митревски.

ПРАЗНИКОТ Е ОДБЕЛЕЖАН РАБОТНО

Времето на вулгарна демагогија и на празна декларативност во ССМ дефинитивно помина. Нашата нова платформа е практично, оперативно дејствување на конкретни прашања, во што не упатува и Европската конфердерација на синдикатите ЕТУЦ, изјави на денешниот собир претседателот Живко Митревски, во однос на празникот Први Мај.

Доказ се двете важни општествени прашања кои ги актуелизиравме токму пред и првиот работен ден после Денот на трудот – Иницијативата за минимална плата и Обуката на анти – мобинг советници. Новото раководство смета дека за македонските работници повеќе ќе придонесеме ако успееме да ја одредиме минималната плата, отколку да организираме некакви дефилеа и демонстрации пред институциите.

Претседателот на СФДМ Гоце Селовски додаде дека, во однос на објавените коментари во некои медиуми, во ССМ се мислеше за чувствителниот предизборен период. Со протест или демонстрации без наша намера ќе бевме ставени во меѓупартиски пресметки, или ќе бевме искористени во секојдневните политичките игри, а тоа е последното што го посакуваме.

 

03.05.2011_antimobing_obuka
Автори се хрватските експерти Снежана Васиљевиќ, Елвира Коиќ и Ивана Јолиќ

Гоце Селовски, претседател на СФДМ, најави дека наскоро ќе се обработат податоците од анкетата за мобинг, која СФДМ и ССМ ја спроведоа минатите месеци. Од 2.500 прашалници добиени се околу 1.300 повратни одговори. Обработката на обемните прашалници ќе внесе нова светлина за природата и појавните облици на ова општествено зло.

Претседателот на СФДМ додаде дека е најважно што денешната обуката ќе ја изведуваат лица од Република Македонија. Тие од 20 до 23 март ја поминаа обуката за тренери за мобинг, кои ја водеа Снежана Васиљевиќ и Елвира Коиќ од Република Хрватска.

На денешната и утрешната обука исто така ќе предаваат експертите од Хрватска Јадранка Апостоловски, лидер на Регионалниот проект и доктор Снежана Васиљевиќ. Тренери од Република Македонија се Артемис Периќ, која ќе зборува за методологијата на проценката на мобингот, Јасмина Велкова (Искуства од СФДМ – интерактивен метод), Емилија Угриновска (Социјално – психолошки аспекти на мобингот), Маја Ристова Андревски (Правни аспекти и правна заштита од мобинг) и Душко Митковски (Економски аспекти и последици на мобингот).

Истата цел на регионалниот проект, формирање национални мрежи за помош од мобинг, е поставена за сите земји во регионот, односно во земјите учесници на проектот, објасни Јадранка Апостоловски. Снежана Коиќ исто така го нагласи интересот од Европската Унија и поддршката што ја овозможува разлизацијата на овие проекти.

Денешната обука е дел од вкупните активности на ССМ и на СФДМ околу мобингот. Во 2010 година СФДМ стана учесник на Регионалниот проект “Мрежа за здравје и заштита при работа“, во која учествуваат синдикати и други институции од Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, со тоа што лидер на проектот е Хрватска, односно хрватското здружение “Удруга мобинг“. Проектот е дел од Регионалниот проект на ЕУ Програмата “ИПА 2008“.

Минатата година ССМ и СФДМ ја промовираа “Антимобинг мрежа – МК“, додека на 21 декември 2010 година во ССМ е отворена Канцеларија за помош на жртвите од мобинг. Проектниот тим на Канцеларијата го сочинуваат Артемис Периќ од невладината организација “Организација на жени Скопје“, адвокатот Мирјана Марковска – Андревска, психологот Емилија Угриновска и медијаторот Јасмина Велова.


ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc