ДЕНЕС И УТРЕ ВО ССМ СЕ ОДРЖУВА ОБУКА НА АНТИМОБИНГ СОВЕТНИЦИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

03.05.2011

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија започнува дводневна обука за антимобинг советници на синдикални претставници. Поканети се невладини организации, медиуми, Организацијата на работодавачи и други организации...

На трети и четврти мај во Сојузот на синдикатите на Македонија ќе се одржи обука на 80 синдикални претставници, кои по обуката ќе се стекнат со статус на антимобинг советници.

На обуката, која почнува во 11 часот, поканети се претставници на Организацијата на работодавачи, невладините организации, медиумите, народниот правобранител, науката, адвокатурата, судските органи, Владата, здравството и други организации кои се занимаваат со прашањата од цивилното општество.

Обуката ќе ја извршуваат претходно обучени тренери од Македонија, во соработка со тренери од Република Хрватска.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc