ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРВИ МАЈ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

Сојузот на синдикатите на Македонија на своето синдикално членство, како и на сите вработени и граѓани во Република Македонија им го честита Први мај - Меѓународниот ден на трудот, со надеж и желба дека и натаму заедно сите ќе се залагаме и бориме правата на вработените - творците на општествениот прогрес, да се остваруваат и унапредуваат уште повеќе...

Сојузот на синдикатите на Македонија  е репрезентативен синдикат, легитимен претставник и застапник на правата на вработените во Република Македонија, како и рамноправен социјален партнер во државата. Со добивањето статус на придружна членка во Светската и Европската организација на синдикатите Сојузот на синдикатите на Македонија  се вклучи  во големото меѓународно синдикално семејство, а со тоа ќе придонесува и во вкупните процеси што ги води Република Македонија за евроинтеграција.

Во последниот период, Сојузот на синдикатите на Македонија своите активности,  посебно ги насочи  на  унапредувањето на животниот стандард на вработените, а со тоа и на сите граѓани на Република Македонија,  За таа цел,  ССМ покрена повеќе иницијативи, а посебно: за утврдување на синдикална минимална кошница заради реално прикажување на  неопходните трошоци за задоволување на основните егзистенцијални потреби на едно четиричлено семејство; за утврдување на минимална плата во Република Македонија како потреба и обврска за материјална и социјална сигурност на вработените, што е и слоган за овогодишното работно одбележување на Први мај - Меѓународниот ден на трудот; како и иницијативата за воведување повеќе услови за пензионирање.

Сојузот на синдикатите на Македонија ги  повикува, сите одговорни субјекти во државата, пред сé, Собранието и Владата на Република Македонија, како и организациите на работодавачите да ги почитуваат материјално-социјалните права на вработените утврдени во Уставот на Република Македонија, законите и колективните договори, и да придонесуваат за нивно натамошно унапредување, користејќи ги механизмите на социјалниот дијалог, колективното преговарање и договарање. Само така ќе градиме современа, демократска, социјална и правна држава.

Нека ни е  честит  Први мај, меѓународниот ден на трудот, здружени, единствени и сигурни сме посилни.

Претседател на ССМ
м-р Живко Митревски

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc