УТРЕ ССМ ОДРЖУВА ПРВОМАЈСКА КОНФЕРЕНЦИЈА
По повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија утре, на 27 април, ќе одржи Конференција, чие мото е “Минимална плата – потреба и обврска за материјална и социјална сигурност на вработените“.
Иницијативата на ССМ за утврдување минимална плата ќе ја изложи претседателот м-р Живко Митревски. На истата тема ќе зборуваат и други експерти и претставникот на Меѓународната организација на трудот во Македонија Емил Крстаноски.
На конференцијата ќе биде одбележан 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
Конференцијата ќе се одржи од 11 до 13 часот.