ПРЕТСТАВНИКОТ НА BWI ЏИН СОК ЛИ ВО ПОСЕТА НА ССМ И НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

thumb_14.04.2011_poseta_Li_114.04.2011

При посетата на ССМ и на Синдикатот за шумарство директорот на Секторот за глобални кампањи на Меѓународната организација на синдикатите од градежништвото, дрвната индустрија и шумарството Џин Сок Ли е запознаена со позначајните активности во изминатиот период...

 

Претседателот Живко Митревски и Џин Сок Ли
14.04.2011_poseta_Li_1
Претседателот Живко Митревски и Џин Сок Ли

Директорот на Секторот за глобален развој на Светската организација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија (BWI) Џин Сок Ли вчера беше во официјална посета на Сојузот на синдикатите на Македонија, при што се оствари неколкучасовна средба со претседателот Живко Митревски.

Целта на посетата беше запознавање со активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија (СШДЕ).

Претседателот Живко Митревски ја информира гостинката за повеќето проекти на ССМ во изминатата година, после смената на раководството во април минатата година. Меѓу позначајните достигнувања се формирањето на Економско – социјалниот совет на Република Македонија, формирање на Синдикална потрошувачка кошница, отпочнување кампања за воведување повеќе услови за пензионирање, отворање на Канцеларија за мобинг и друго. Гостинката исто така беше информирана за тековните и планираните активности на ССМ, како што е одредувањето на минимална плата на национално ниво, Иницијатива за измени во Законот за работни односи, Иницијативата за основање солидарен станбен фонд и други проекти.

Џин Ли ја оствари оваа посета во рамките на нејзиното учество на Меѓународната конференција “Имплементација на Конвенцијата 94 на МОТ во законската регулатива во Република Македонија“, што се одржа на 12 април во Скопје. Конференцијата ја организираше Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), кој од 2005 година води кампања за имплементација на конвенцијата на МОТ во македонската легислатива.

Двата синдиката, СГИП и СШДЕ, се полноправни членки на Светската организација на синдикатите за градежништво, шумарство и дрвна индустрија (СШДЕ од 1996 година). Претседателот на Синдикатот за шумарство Живко Митревски од 2009 година е член на Светскиот одбор на BWI. Инаку Митревски од април 2010 година е претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

14.04.2011_poseta_Li_2
Работната посета на претставникот на BWI
Во СШДЕ Митревски Џин Ли е информирана за најзначајните промени и постигнувања во двете индустриски гранки, шумарството и дрвната индустрија. Во Колективниот договор во 1998 година е одредена најниска плата, за прв пат во една стопанска дејност во земјата. Со член во Колективниот договор е утврдено на седниците на Управниот одбор на Јавното претпријатие “Македонски шуми“ да учествува претседателот на синдикатот, или негов заменик во случај на отсуство. Претставникот на синдикатот нема право на гласање и на одлучување, меѓутоа целта е синдикатот да биде директно информиран за сите промени во јавното претпријатие што се однесуваат на положбата на вработените, како и да даде придонес за успешно функционирање на претпријатието.

Функционерот на BWI изјави дека е пријатно изненадена од мерките за заштита на работниците во шумарството. Имено, по залагање на СШДЕ во рамките на јавното претпријатие, според Колективниот договор, е формирана Комисија за заштита при работа, чиј предмет на работа се жалбите од вработените. Целта е да се избегнат судските трошоци и бавноста на судските процедури, додека ефективноста се покажува по тоа што 90 отсто од случаите се позитивно решени во корист на работниците.

По иницијатива на СШДЕ во 2010 година е одржана Конференција за сертификација на шумите, што е дел од неколкугодишните активности на синдикатот за овој голем проект. Имено, СШДЕ од почеток е вклучен во постапката за сертификација на шумите, која е исклучително значајна за конкуретноста на јавното претпријатие, за развојот на гранката и за исполнување на стандардите на ЕУ, секако вклучувајќи ја економската сигурност на работниците.

Ли исто така беше информирана за улогата на СШДЕ во трансформацијата на Јавното претпријатие “Македонски шуми“. Своевремено беа предложувани повеќе модели за трансформација, како приватизација, акционерско друштво во сопственост на државата и други модели, според кои неизоставно ќе дојдеше до отпуштање на околу една илјада работници. Процесот на трансформација засега е стопиран, но СШДЕ предложува свои модели на трансформација, при што единствено прифатлива опција за трансформација е сите вработени да ги задржат своите работни места.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc