ПРОДОЛЖЕН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ХЕМИСКАТА ИНДУСТРИЈА
13.04.2011
Претседателот на Синдикатот за хемија, неметали и метали Зоран Мироновски и претседателот на Здружението за хемиска индустрија при ОРМ Иван Голабоски денес потпишаа Спогодба за продолжување на Колективниот договор за хемиската индустрија за три години...

Денес во Организацијата на работодавачи на Република Македонија е потпишана Спогодба за изменување, дополнување и продолжување на Колективниот договор за хемиската индустрија за три години.
Спогодбата ја потпишаа претседателот на Здружението на работодавачи на хемиска индустрија при Организацијата на работодавачи Иван Голабоски и претседателот на Синдикатот за хемија, неметали и метали Зоран Мироновски.
Колективниот е усогласен со измените во Законот за работни односи и со промените во другите закони. Договорено е Колективниот говор да биде објавен на интернет страниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Организацијата на работодавачи.