ДЕНЕС СЕ ОДРЖА ОСМОТО СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ ЗА ТРГОВИЈА
Синдикатот на работниците од трговијата денес во Скопје го одржа своето Осмо Собрание. За претседател во наредниот мандат е избрана Мирјана Хаџи – Скерлева...
Денес во Скопје се одржа Осмото Собрание на Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија (СРТМ). Мирјана Хаџи – Скерлева е избрана за претседател во наредниот петтогодишен мандат.
На собранието е донесен нов Статут и избрани се членови на Претседателството и на Надзорниот одбор. Исто така е поднесен Извештај за работа на синдикатот за изминатиот период и усвоена е нова Програма за периодот меѓу Осмото и Деветтото собрание.
Во Програмата се наведени главните правци на дејствување, меѓу кои се темелните човекови права, подобрување на колективните и поединечните права, доследна примена на правата од колективниот договор и колективните договори на ниво на претпријатија, подобрување на заштитата при работа, синдикално образование, примена на светските искуства и формирање совети на вработените во претпријатијата, квалитетно информирање на членството, социјален дијалог на сите нивоа, правна заштита за членовите, учество во евроинтегративните процеси, јакнење на синдикалното движење и други активности.