ССМ И КСС СВЕЧЕНО ГО ОДБЕЛЕЖАА ЧЛЕНСТВОТО ВО ИТУЦ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

thumb_28.03.2011_ituc_clenstvo28.03.2011

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати денес свечено го одбележаа приемот во Светската конфедерација на синдикати, каде добија статус на придружни членки...

Мишкоски, Митревски и Бајрами на денешниот прес

 

28.03.2011_ituc_clenstvo
Мишкоски, Митревски и Бајрами на денешниот прес

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати денес свечено го одбележаа приемот во Светската конфедерација на синдикати (ИТУЦ). Двете македонски синдикални федерации овој месец станаа придружни, или асоцијативни членки на ИТУЦ, што е полно признание за промените на македонската синдикална сцена од минатата година наваму.

Приемот на македонските синдикати е доказ за соработката меѓу македонските синдикати. Посебно ја цениме поддршката на Унијата на автономни и независни синдикати, кои ја поддржаа нашата кандидатура, изјави Раско Мишкоски на прес конференцијата што се одржа по денешниот повод. Мишкоски го објасни профилот и структурата на ИТУЦ, која со 301 синдикат од 151 земја е најголема интернационална организација на синдикати.

Претседателот на ССМ Живко Митревски истакна дека приемот на ССМ и КСС е значаен чин, од кој произлегуваат исто така големи обврски. И во услови на светската економска криза докажавме дека може да се работи на планот на заедништво и вистинско социјално договарање. Ова е признание за социјалниот дијалог, за соработката со Владата, Организацијата на работодавачи и за колективното договарање. Во однос на различните тенденциозни ставови што се среќаваат можам да кажам дека ИТУЦ јасно кажа што мисли за македонските синдикати, рече Митревски.

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами на прес конференцијата објасни дека приемот во ИТУЦ е добра вест и за министерството и за Владата. Докажавме дека социјалниот дијалог во Република Македонија почна да функционира. Тука посебна улога има Економско – социјалниот совет, додека социјалните партнери имаат блиска и честа комуникација и соработка.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc