МИЌО СТОЈАНОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРСВМ
25.03.2011
На Петнаесеттото Собрание на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските за претседател е избран Миќо Стојановски. На Собранието е претставена новата Програма...

На Петнаесеттото Собрание на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија (СРСВМ), што се одржа на 23 март во Скопје, за нов претседател е избран Миќо Стојановски.
Миќо Стојановски е долгогодишен активист во синдикалното движење, посебно во синдикалната организација на неговото матично претпријатие, ЈСП “Скопје“ – Скопје, додека во СРСВМ извршуваше повеќе значајни функции.
Функцијата претседател во претходниот период ја вршеше Цветан Мирчески.
Собранието се одржа на 56 – годишнината на основањето на синдикатот за сообраќај, кој е формиран во 1955 година. На Собранието е донесена нова Програма за работа во наредниот период.