ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ВКЛУЧЕНОСТ НА МЛАДИТЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

thumb_24.03.2011_opstestvena_vklucenost_na_madite224.03.2011

Денес се одржа завршната конференција на двегодишниот проект “Отворен дијалог за општествена вклученост на младите преку вработување и нивните работнички права во Република Македонија“, што го водеа Балканската фондација за деца и млади, Универзитетот во Љубљана и Сојузот на синдикатите...

 

Искуствата и истражувањата од проектот сублимирани во двете изданија

 

24.03.2011_opstestvena_vklucenost_na_madite224.03.2011_opstestvena_vklucenost_na_madite1
Искуствата и истражувањата од проектот сублимирани во двете изданија
Младите се иднината на секоја земја, но нивниот глас тешко допира до оние што треба да го слушнат. Најголема причина за апатијата и отуѓеноста на младите генерации е невработеноста, која во Република Македонија е поизразена отколку во европските земји.

Ова е еден од заклучоците на денешната завршна конференција на проектот “Отворен дијалог за општествена вклученост на младите и нивните работнички права во Република Македонија“, што се одржа во Скопје. Проектот траеше претходните две години, во организација на Балканската фондација за деца и млади, Универзитетот во Љубљана и Сојузот на синдикатите на Македонија. Финансиската поддршка ја овозможи Генералниот директоријат за вработување, социјални прашања и еднакви можности на Европската комисија.

Извршниот директор на “Балканската фондација“ Јоргос Пападакис информираше дека истражувањата, сесиите, панел дискусиите и другите средби не се одвиваа само во Скопје, туку во Струмица, Битола, Дебар, Кичево, Кочани. Се покажа дека во провинцијата проблемите на младите се уште поизразени, што се однесува и на ранливите групи, како што се малцинствата и жените. Во секој случај стекнатите сознанија ќе се достават до службите во Европската Унија, рече Пападакис.

Основно прашање за младите генерации е како самите да станат архитекти на сопствениот живот. Треба да се наоѓаат начини младите да станат поактивни, да бидат информирани за можностите за вработување и за нивно социјално вклучување, изјави Владо Димовски, професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана.
Анѓелко Анѓелковски, секретар на ССМ, зборуваше за залагањата и улогата на синдикатот околу вклученоста на младите. Во услови кога стапката на невработеност во земјата е 32 отсто, а кај младите до 24 години дури 55 отсто, постојат неколку клучни прашања. Тоа се како да се намали долгиот период на чекање на прво вработување од 4,5 години, како да се сопре одливот на мозоци и како да се искористи потенцијалот на младите во земјава. Минатата година  во измените на Законот за работни односи се внесени десеттина новини, од што ние донекаде сме задоволни, но сметаме дека законодавството за оваа материја треба да се прошири.

Амбасадорот на Унгарија Ференц Кекеши истакна дека основа на секоја здрава земја се среќни, здрави и образовани граѓани. Тој ги запозна слушателите со стратегиите на Европската Унија, при што на прво место се економскиот раст и социјалната вклученост. Инаку Унгарија моментно го води Претседателството на Советот на ЕУ.

Бидејќи младите од возрасната група од 15 до 24 години се наоѓаат во образовниот процес не треба да не чуди високата стапка на невработеност на оваа група, од 51,9 отсто. Тие практично се уште се во школските клупи, но вистинскиот предизвик настанува после завршувањето на школувањето и студиите. Дури и во ЕУ стапката на невработеност на младите го надмина лимитот од 20 отсто. Невработеноста е основна причина за социјалната отуѓеност, намалената социјална сигурност, пасивизацијата, неподготвеноста за осамостојување и самостојно живеење и маргинализацијата, изнесе Маја Героска Митев, професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“, Катедра за социјална работа и социјална политика.

Во Македонија се одвиваат неколку паралелни процеси, како што е интелектуализацијата на трудот. Имено, младите се потешко прифаќаат да се ангажираат во професија надвор од нивното образование. Исто така тие шансите за вработување ги гледаат во терцијарниот сектор, најпрво во образованието и здравството, а се помалку се подготвени да се вклучат во самостоен бизнис или да се докажат на друго поле.

Во рамките на денешната конференција беа претставени две изданија: “Книга со истражувања и препораки“ и прирачникот “Најдобрите практики за активно барање работа: вработувањето како алатка за општествено вклучување на младите. Издавачи на изданијата се носителите на проектот и “ЕУ програмата за вработување и социјална солидарност“
Учесниците на конференцијата се согласија дека после завршувањето на проектот треба да се продолжи со активности на полето на социјалната вклученост на младите генерации.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc