МПС НУДИ МОДЕЛИ ЗА СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

thumb_23.03.2011_mps23.03.2011

Повеќе од две третини од вработените во МВР имаат потреба од решавање на станбениот статус. МПС понуди три можни начини за изградба на станбени комплекси...

 

 

Тихомир Климоски: Само третина од вработените во МВР имаат сопствен дом, другите се снаоѓаат како знаат и умеат

 

23.03.2011_skopje_city_hotel
На полицајците не им е важно дали станот е во зграда или на периферија
Од вработените во Министерството за внатрешни работи 53,8 отсто живеат со родителите, додека речиси 80 отсто имаат потреба од сопствено место за живеење, наведено е во истражувањето на Македонскиот полициски синдикат (МПС) “Станбениот статус и потреби на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“.

На 17 март беше одржана конференција за станбеното прашање на полицијата, на која учествуваа МПС, МВР и претставници на уште неколку министерства, Армијата, банките и набљудувачи на ОБСЕ.

Врз основа на добиените податоци предлагаме три можни начини на решавање на станбеното прашање на полицијата, информира претседателот на МПС Тихомир Климоски. Првата алтернатива е наједноставна и можеби најспроведлива, иако според истражувањето се противат 53,3 отсто од вработените. Тоа е проширување на квотата на становите што се градат за Армијата и приклучување на припадниците на МВР во оваа акција.

Втората алтернатива се состои во ангажирање на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, за изградба на повеќе комплекси на станбени објекти исклучително за потребите на вработените во МВР, по слични или подобри услови од оние кои се однесуваат на социјалните случаи и младите брачни парови.

Третата алтернатива е на прв поглед најтешко остварлива, но многу од анкетираните полицајци ја сугерираа при анкетирањето. Идејата е Владата на полицискиот синдикат со одлука да му додели во владение или сопственост градежни парцели низ државата, потоа да се потпишат договори за потполно или делумно ослободување од комунални такси и да се потпише договор за сонивестирање со некоја од банките. МПС го вложува земјиштето и комуналиите, додека банката го обезбедува капиталот за градба и ги кредитира вработените во МВР. Распределбата ќе ја организира МПС, при што предност ќе имаат оние кои со свој капитал ќе учествуваат во изградбата, објаснува Климоски.

Истражувањето е спроведено на 5.762 испитаници, што е повеќе од половината од припадниците на полицијата и оттаму се добива реална слика за станбеното прашање на полицајците. Според семејниот статус 55,5 отсто живеат заедно со сопружникот и две или повеќе деца, 22,3 отсто со сопружник и едно дете, 11,1 отсто се самци, 8,4 отсто само со сопружникот и 2,7 отсто се самохрани родители, кои иако се најмалку ја претставуваат станбено најзагрозената категорија.

Фрапантен е податокот дека само 32,7 отсто од испитаниците поседуваат свој дом, во своја или сопственост на сопружникот, додека 67,3 отсто се снаоѓаат како што знаат и умеат. Но и оние 32,7 отсто покажуваат интерес за решавање на станбениот статус, што значи дека и тие стануваат во несоодветни живеалишта. По кирија живеат 8,9 отсто, што кажува дека нивните приходи не им дозволуваат вакви издатоци.

Климоски вели дека нерешеното станбено прашање влијае врз работната способност. Тој што го нема средено ова прашање работи со 40 отсто од својот капацитет. Веќе се наидува на здравствени последици во делот на психолошките проблеми. Тој истакнува дека е недопустливо полицајци да живеат во донови или по кирија. Тие се грижат за безбедноста на државата, а државата не се грижи дали имаат сопствен покрив над глава. Накусо, полицајците бараат да им се реши станбеното прашање како што е решено во Армијата со проектот “АРМ – мој вистински дом“. Кога се продава државно земјиште за едно евро за квадрат и кога се нудат други поволности време е да се реши овој проблем.

Истражувањето покажа дека 60 отсто од полицајците се подготвени да учествуваат со свој капитал за изградба на стан. Од нив учеството би го обезбедиле 76 отсто со кредит, додека 23 отсто со лизинг. Исто така поголем дел би се согласиле да живеат во поранешните касарни, додека 50 отсто се подготвени да живеат во периферијата на градовите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc