ОБУКА НА АНТИМОБИНГ СОВЕТНИЦИ

Од 21 до 23 март во Скопје ќе се одржи обука на четири антимобинг советници од синдикатите и невладините организации. Обука е дел од проектот на ЕУ “Мрежа за здравје и заштита при работа“...
Во рамките на Регионалниот проект на ЕУ “Мрежа за здравје и заштита при работа“ и Националниот проект “Антимобинг мрежа – МК“, во организација на Синдикатот за финансиски дејности на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија, од 21 до 23 март во Скопје ќе се одржи обука на четири антимобинг советници од редовите на синдикатите и невладините организации.


Советниците кои успешно ќе ја завршат четиридневната обука по овластување од Европската Комисија ќе добијат сертификат од “Здружението мобинг“, со обврска дека во наредниот период од 60 дена ќе одржат обука на 80 претставници на синдикати, невладини организации и други организации кои се занимаваат со прашањата од областа на мобингот во Република Македонија.
Во понатамошниот период е предвидено одржување на семинари за едукација на претставници од здравството, трудовата инспекција, медијацијата, адвокатурата и судските органи.