ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТОЛКУВАЊЕТО НА ЧЛЕНОТ 146 ОД ЗАКОНОТ ЗА РАДИОДИФУЗНА ДЕЈНОСТ
Во врска со реакциите на основните синдикални организации и синдикатите кои се однесуваа за плаќањето на радиодифузната такса согласно Законот за радиодифузна дејност, Сл. в. на РМ бр. 100/05; 19/07; 103/08; 6/10 и 145/10, Ве известуваме дека во Службен весник на РМ бр. 23/11 објавено е Автентичното толкување на членот 146, став1, алинеја 3, од гореспоменатиот Закон од страна на Собранието на Република Македонија.
“Радиодифузна такса плаќа:
- правни лица и сопственици на деловен простор, на секои 20 вработени или други лица кои го користат деловниот простор, по една радиодифузна такса“.
Согласно Автентичното толкување на член 146, став 1. алинеја 3, треба да се толкува така што радиодифузна такса плаќаат:
Правни лица и сопственици на деловен простор на секои 20 вработени или други лица кои го користат деловниот простор по една радиодифузна такса. Правни лица кои не се регистрирани согласно Законот за трговски друштва, односно кои добиваат статус на правно лице согласно со други закони немаат обврска да плаќаат радиодифузна такса согласно со овој Закон.
Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател
м-р Живко Митревски