РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТИТЕ ПО ОДНОС НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

25.02.2011

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати бараат решавање на политичката криза во земјава. Пртседателите Живко Митревски и Раско Мишкоски предупредуваат дека политичката криза штетно влијае врз стабилноста на целото општество и дека најголемиот товар го плаќаат работниците...

Мишкоски и Митревски: колективната хистерија ги сопира сите процеси

Бараме да запре сегашнава политичка криза. Синдикатите не можат да бидат индиферентни кон случувањата во општеството. Политичката криза се продлабочува и најголемите последици ги трпат работниците, изјавија на денешната конференција за печат претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати магистер Живко Митревски и Раско Мишкоски.

Ја пренесуваме нивната заедничка изјава:

“Последните неколку денови сме сведоци на една исклучително тешка и политички комплицирана состојба на македонската политичка сцена.

Излезот од оваа исклучително непријатна состојба според наша оцена дефинитивно се изборите. На работниците им е доста од политички тактизирања и слеткарења. На овој начин се блокираат општествените процеси, со што се внесува недоверба во општеството.

Во вакви ситуации доаѓа до кочења на бизнисот, работодавачите се плашат да преземат бизнис чекори, сите се во исчекување, а најголеми реперкусии трпат директно работниците. Најголемиот ризик во целата ситуација следува доколку се почне со отпуштање работници како резултат на непревземање бизнис чекори. Фактички ваквата состојба е исклучително ризична за сите кои се бават со бизнис и заработуваат како резултат на остварени работни задачи.

Почитувани, како најголеми претставници на работниците во РМ, ние, синдикатите ССМ и КСС, сметаме дека за да се запре оваа колективна хистерија и тензија политичките субјекти да излезат на избори. Без да се инволвираме политички, порачуваме: кој е поквалитетен и со посилна порпифатлива програма за народот, нека победи. Само на тој начин ќе се избегнат сите овие состојби, а работниците ќе можат да продолжат слободно и без страв да си ги реализираат своите работни обврски.

Го повикуваме премиерот Груевски да го исполни во целост ветеното за реализирање на фер, транспарентни и демократски избори. Избори, со кои РМ и понатаму би продолжила со својот политички и економски развој, а не состојба во која работниците трпат и се во неизвесност.

Од друга страна, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски да излезе на избори за да се соочи со Никола Груевски, а со тоа да се запре ова колективно политичко заложништво. Изборите, а не бојкотот и според нас синдикатите, се единствениот демократски мегдан за измерување на силите. Црвенковски треба да знае дека само со избори може да се бара легитимитет од граѓаните, а исто така треба да знае дека никој не му дал право да им го отежнува дополнително животите на македонските работници.

Ваквата состојба е неподнослива и уште еднаш апелираме за прекин на оваа состојба. Единствен излез од оваа состојба се изборите. Изборите, а не бојкотот, ќе покажат кој има легитимитет да ја води Македонија, кој има легитимитет да ја подобрува состојбата на македонските работници.“

 

КСС
Претседател
Раско Мишкоски
ССМ
Претседател
м-р Живко Митревски

 

Познато е дека од минатата година, и посебно од 18. Конгрес на ССМ, се определивме за поактивна политика во однос на вкупните општествени процеси. Голем импулс во вкупниот ангажман на синдикатите во општеството е зближувањето на синдикалните унии ССМ, КСС и УНАСМ. Во старт ја отфрламе политичката инволвираност, туку тоа што го бараме е надминување на кризата која носи негативни последици во сите сфери на општеството. Можат да се попречат и нашите ангажмани за имплементација на европските директиви и меѓународни конвенции важни за работните луѓе – изјави претседателот Живко Митревски.

ССМ и КСС се членови на Економско – социјалниот совет, каде носиме иницијативи околу носењето на закони во трудовата сфера.  Во контактите со нашите членови дежурно прташање е: дали ќе има избори? Сите се преокупирани со овие состојби, додека работите  застануваат. Подеднакво важно е што таа психоза е присутна и кај работодавачите. Во вакви услови запираат инвестициите, од домашни и странски извори, без кои не можеме како држава да одиме напред – рече претседателот на КСС Раско Мишкоски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc