ВО СГИП ФОРМИРАНИ ПЕТ ПОМОШНИ ТЕЛА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

23.02.2011_gradeznistvo 23.02.2011

Секцијата на жени, Секцијата на млади, безбедноста и здравјето при работа, колективното договарање и зачленувањето се областите за кои се формирани пет помошни тела на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање...

Градежништвото се пософистицирано - посложени стануваат и односите во целата дејност

 

Во Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, со одлука на Извршниот одбор, се формирани помошни тела за пет области: организираноста на жените, на младите, безбедноста и здравјето при работа, колективното договарање и зачленување. Помошните тела на Извршниот одбор и на Советот на СГИП ќе ги водат координатори, кои се истовремено помошници на претседателот.
Во СГИП за првпат се воведува оваа нова организациона форма, за која мислиме дека е во склад со потребите и предизвиците на времето. Целта на оперативните тела е поинтензивно дејствување во синдикалното организирање за овие области, внесување нови и посилни импулси, поактивна политика и координација на сите нивоа, објаснува претседателот на СГИП Павел Трендафилов.
Елена Камберска, координатор на Секцијата на жени, е вработена во ГД “Гранит“ и долгогодишен синдикален активист. “Ангажманот на Секцијата на жени при СГИП  ќе биде насочен кон состојбата на жените во градежништвото. Бројот на жените во нашата гранка не е толку мал како што обично се претпоставува и оттаму постои основа за дејствување околу нивната положба. Тука мислам на сите аспекти на кои се подложни припадничките на женскиот пол, како родовата рамноправност, почитувањето на нивните потреби, положбата на самохраните мајки и друго“, изјави Камберска.  
Елена Тримческа, координатор на Секцијата на млади, доаѓа од ДГ “Бетон“ АД. “Не можам да се пофалам со долг стаж, но сметам дека имаме сериозно поле на работа. Младите се иднината на секоја заедница, па така е и во индустриската гранка градежништво“, вели Тримческа. “Младите и сега се активни во СГИП, па така тие имаа забележителна улога на Четвртиот Конгрес на СГИП, како водители и предавачи. Неколку години се реализира Програма за обука на млади синдикални кадри, на која преку серија семинари се обучуваат младите членови на СГИП. Секцијата на млади при СИП е забележана и во Меѓународната организација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија (BWI), како една од најдобро организираните младински секции“.  
Крсте Мицевски е координатор за безбедност и здравје и доаѓа исто така од ДГ “Бетон“ АД. Зад себе има повеќе од 30 години синдикална активност и е член на сите нивоа на организираноста на СГИП. “Познато е дека градежништвото и рударството се полиња со најголеми ризици за здравјето и со најбројни повреди, па и со најмногу смртни случаи. Во овој правец СГИП ќе настојува да влијае, како и досега, врз законското регулирање на безбедноста и здравјето на градежниците, а посебно внимание ќе посветиме на соработката со стручните лица задолжени за безбедноста во претпријатијата“, вели Мицевски.
Драги Стојановски, координатор за колективно договарање, е исто така долгогодишен синдикален активист. Вработен е во АДГ “Маврово инженеринг“. “Колективното договарање е една од најважните цели на синдикалното движење, додека колективните договори треба да имаат иста важност како и законите. Наши две определби се колективните договори во градежништвото да добијат проширено дејство во сите претпријатија, без оглед дали се синдикално организирани. Исто така наша определба е да не чекаме преговори со социјалните партнери, туку однапред да ги изработиме текстовите на колективните договори, кои ќе бидат достапни за расправа на сите вработени“, изјавува Стојановски.
Димче Ивановски е именуван за координатор на Помошното тело за зачленување на нови членови. “Природата на моето работно место, во Градежниот институт “ГИМ – Македонија“ е таква што имам контакти со скоро сите градежни претпријатија во земјата, така што секојдневно комуницирам со вработените. Мојата заложба е мотивирање на луѓето кон поактивен однос во синдикалното организирање. Секако и пристапување во постојните синдикални организации и формирање на нови во работните средини каде нема синдикални организации.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc