ССМ, КСС И УНАСМ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

22.02.2011_photo1_naslovna22.02.2011

Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на независни и автономни синдикати денес потпишаа “Меморандум за синдикална соработка“...

 

Меморандумот означува нова ера во синдикалното движење во Македонија

 

22.02.2011_photo1
Меморандумот означува нова ера во синдикалното движење во Македонија

Денес во хотелот “Арка“ во Скопје трите синдикални конфедерации, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на независни и автономни синдикати, потпишаа “Меморандум за синдикална соработка“.
Во меморандумот конфедерациите се обврзуваат на заеднички дејства за сите значајни прашања од синдикалниот и општествениот живот во Република Македонија.

 

22.02.2011_photo2
Претседателите на ССМ, КСС и УНАСМ изјавија дека соработката е отворена за сите други синдикати

- Документот на кој ги ставивме потписите за соработка значи нова ера во синдикалното движење во Република Македонија. Ова е сериозен чин на воведување одговорност во синдикалното движење и голем придонес во уредувањето на социјалната состојба во земјава. Нашата идеја е заедничко застапување на интересите на вработените пред социјалните партнери – истакна претседателот на ССМ Живко Митревски при потпишувањето на Меморандумот. – Заедништвото се однесува на пристапот кон Владата, кон работодавачите и институциите, исто така значи подобрување на колективното договарање на сите нивоа. Сакам да нагласам дека спогодбата меѓу трите конфедерации не е од затворен тип, туку дека е отворена кон сите други синдикални организации, па и кон работниците кои не се синдикално организирани – додаде Митревски.
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски рече дека до пред една година една ваква средба и ваква одлука за соработка беше незмислива. – Иако Светската и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународната организација на трудот настојуваа и вложуваа напори, синдикатите во Македонија секогаш имаа различни мислења за иста сфера. Во изминатава година, меѓутоа, почна процес на приближување и на  заедништво на синдикатите и резултатите веднаш се почувствуваа. Ние сме подготвени да се бориме за правата на работниците без оглед на кој синдикат припаѓаат – изјави Мишкоски.
- Вложивме доста напори како да дојдеме до заедничка соработка. Ќе гледаме документот што го потпишавме да не биде само декларација, туку да стане основа за имплементација, односно заживување на она што денес го договоривме. Се надевам дека со тесната соработка на трите конфедерации ќе ја повратиме и ќе ја оправдаме довербата на членството и на сите работници – изјави Слободан Антовски, претседател на Унијата на независни и автономни синдикати.
На чинот на потпишување присуствуваа Петер Михалчик и Ениса Селимовиќ, членови на “PAG“ и претставници на Светската конфедерација на синдикатите, како и Емил Крстаноски, претставник на Меѓународната организација на трудот. Денешниот настан е круна на настојувањата на ИТУЦ, ЕТУЦ и МОТ од минатите две години. Се надеваме дека денес синдикатите создадоа една нова преговарачка моќ во социјалниот дијалог во Република Македонија.
Исто така и Ениса Селимовиќ, регионален координатор на ИТУЦ, истакна дека здружувањето на трите македонски синдикати ќе има оддек во европското синдикално организирање.
Инаку чинот на потпишување на меморандумот се одржа после одржувањето на дводневниот семинар “Улогата на секторското колективно преговарање во јакнењето на социјалниот дијалог – структурна и суштинска содржина на секторските колективни договори“, на кој присуствуваа трите синдикати и претставници на меѓународните синдикални конфедерации и на МОТ.

Во продолжение превземете го Меморандумот во целост

22.02.2011_memo

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc