СЕМИНАР ЗА КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ И СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

21.02.2011

Во организација на Меѓународната организација на трудот и Австриската агенција за развој денес и утре во Скопје се одржува завршниот семинар “Улогата на секторското колективно преговарање во јакнењето на социјалниот дијалог“...

 

Од денешната тркалезна маса: иницијативата поддржана од домашни и странски институции

 

21.02.2011_foto1
Од денешната средба: македонските синдикати ги прифаќаат европските стандарди

Денес и утре, 21 и 22 февруари, во Скопје, во хотелот “Арка“, се одржува завршниот семинар “Улогата на секторското колективно преговарање во јакнењето на социјалниот дијалог – структурна и суштинска содржина на секторските колективни договори“.

Семинарот е организиран од страна на Австриската агенција за развој (Austrian Development Cooperation) и Меѓународната организација на трудот (International Labour Organization). Средбата е дел од проектот “Консолидирање на правните и институционалните основи на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан и Молдавија“.

Главната цел на семинарот е јакнење на бипартитниот социјален дијалог, пренесување на знаењата за вредностите, целите и организирањето на соодветни облици на колективно договарање. Меѓу другите цели е подобрување на соработката меѓу трите македонски синдикални конфедерации – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Унијата на независни и автономни синдикати (УНАСМ), чии претставници учествуваат на семинарот.

Предавачи се Петар Михалчик и Ениса Селимовиќ, членови на PAG. Петер Михалчик ќе зборува на темите “Бипартитниот социјален дијалог – неговите вредности, цели и институции“ и “Колективните договори – суштина на социјалниот дијалог“, како и за улогата на синдикатите во демократијата, зголемувањето на видливоста на синдикатите и на синдикалните реформи. Ениса Селимовиќ ќе предава на тема “Прашања поврзани со родовите во колективното договарање и колективните договори“. На семинарот ќе учествува и Емил Крстановски од МОТ, како и претставници од работодавачите, Владата и на Светската и Европската конфедерација на синдикати (ITUC – ETUC – PERC).

На семинарот меѓу другото ќе се води панел дискусија за новите можности во колективното договарање, односно за усвојување Меморандум за синдикална соработка на ССМ, КСС и УНАСМ.

 

21.02.2011_foto2
Размената на искуства корисна без оглед на разликите

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc