СООПШТЕНИЕ: ОСНОВАЧКИ СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ ЗА ЕУ ИНТЕГРАЦИИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

07.02.2011

На Иницијатива на Европската конфедерација на синдикатите во Белград на 3 – 4 февруари 2011 година е одржан основачки состанок на Регионалниот комитет на синдикатите во процесот на интеграција на земјите од Регионот во Европската Унија...

Синдикатите со своја улога во евроинтеграцијата на земјите од регионот

На Иницијатива на Европската конфедерација на синдикатите, во Белград, на 3-4 февруари 2011 година, е одржан основачки состанок на Регионалниот комитет на синдикатите во процесот на интеграција на земјите од Регионот во Европската Унија.

На состанокот присуствуваа: претседателот на Самостојниот синдикат на Србија, Љубисав Орловиќ, генералниот секретар на Сојузот на синдикатите, Зоран Масоничиќ и на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора, Срѓа Кековиќ, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Живко Митревски, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Раско Мишкоски и претседателот на Сојузот на самостојните синдикати на Босна и Херцеговина, Исмет Бајрамовиќ.

Договорено е улогата на технички координатор на Комитетот да ја врши Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Милан Јефтиќ, како претставник на Канцеларијата.

Поаѓајќи од бројните предизвици што ги носат интегративните процеси и улогата на синдикатите во заштитата на правата и интересите на вработените, на состанокот е заклучено дека исклучително е важно активното учество на националните синдикати во процесот на хармонизација на работно - социјалното законодавство, постапката за имплементација на Директивата на Европската Унија во националното зконодавство, но и како идни учесници во трипартитниот дијалог во рамките на европските институции и Европскиот Економско - социјален совет.

Исто така, истакнато е дека координацијата на активностите и заедничките акции и настапи се неопходен предуслов за добро позиционирање на работничките организации во процесите кои се пред земјите во Регионот. Присутните се обврзаа дека ќе ги мобилизираат сите стручни и технички капацитети на организациите на кои им припаѓаат, за договорите, на најдобар начин и во најкус рок, да бидат реализирани.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc