ПОТПИШАНА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПОВЕЌЕ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ
01.02.2011
На денешната тркалезна маса ССМ и КСС ја потпишаа Иницијативата за воведување повеќе услови за пензионирање. На средбата поддршка дадоа повеќе релевантни фактори од земјата и странство...
Свесни сме дека постојат тешкотии во остварувањето на идејата за воведување повеќе услови за пензионирање. Потребни се сериозни анализи и пресметки, но ние како синдикати сме решени да бидеме упорни и да ја пласираме идејата до крај.
Ова е дел од изјавите на претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) магистер Живко Митревски и Раско Мишкоски, на денешната тркалезна маса, на која двата синдикати ја потпишаа “Иницијативата за воведување повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување“.
Иницијативата е поддржана од повеќето присутни претставници на институции и организации од земјата и странство: Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Организацијата на работодавачи, претставници на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, Светската и Европската конфедерација на синдикати (ITUC и ETUC), УНАСМ и други. Инаку тркалезната маса се одржа под покровителство на ITUC, Кралството Норвешка и норвешките синдикати “ELO“.
ССМ уште при почетокот на реформирањето на пензискиот систем имаше свои видувања за измените, но посебно сега сметаме дека во Република Македонија на работниците треба да им се овозможат повеќе услови под кои можат да се пензионираат, нагласи претседателот на ССМ Живко Митревски. Претходеа многу консултации, испитувања, беа земани во предвид искуствата од други земји, но најпрво специфичните услови кои владеат во земјава. Приоритетен мотив е да се згрижат одредени категории работници кои по сегашниот закон не можат да остварат пензија, како работниците технолошки вишок, стечајните работници, лицата со недоволен број години стаж и други.
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами изјави дека ја поддржува Иницијативата, но дека се потребни темелни анализи за да се дојде до платформа која ќе биде изводлива. Темата секако ќе биде поставена на Економско – социјалниот совет и на други нивоа.
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) дава полна поддршка на иницијативата на двата синдикати, изјави претставникот на ОРМ Белинда Николовска.
Претставникот на Европската конфедерација на синдикати Мартин Хутсебаут ги пренесе искуствата од пензиските системи на европските земји и ги објасни трите принципи – издржливост, адекватност и флексибилност на фондовите.
Многу повоздржани аспекти беа пласирани од страна на претставниците на Светската банка и ММФ. Александар Тиман, претставник на ММФ, зборуваше за ризиците од менувањето на пензискиот систем и потребата од осигурување од ризици. Македонија во 2010 година оствари економски раст, без значителен пораст на вработувања и треба да се биде внимателен при измени во пензискиот систем.
Претставникот на Светската банка Евгениј Најдов рече дека пензиските системи во многу земји се во криза, со тоа што Македонија параметрите се исто така неповолни. Зголемувањето на бројот на пензионерите, за што е потребно зголемување на придонесот, може да влијае врз конкурентноста, инвестициите и пазарот на работна сила. Животниот век во Македонија расте, додека размерот на вработени и пензионери е 1,7 спрема 1, што е исто така неповолна состојба.
Свесни сме за сите аспекти за кои зборуваат Светската банка и ММФ и ги имавме предвид при изработката на Иницијативата. Не сакаме да одиме надвор од економските состојби на земјата, но сметаме дека треба да се искористат сите реални можности за менување на условите за пензионирање, изјави Лилјана Јанкуловска од ССМ.
Ениса Селимовиќ, претставник на Светската конфедерација на синдикати, изјави дека при ангажманите на меѓународните финансиски институции во земјите по правило последица е пораст на сиромаштијата. Синдикатите од своја страна имаат обврска да се грижат за животниот стандард и за категориите работници кои од разни причини не можат да остварат право на пензија.
Слободан Антовски од Унијата на независни и слободни синдикати (УНАСМ) рече дека соработката на македонските синдикати е една гаранција за успех на иницијативата.
Клучен фактор за остварување на оваа иницијатива е упорноста, додаде Тихомир Климоски, претседател на Македонскиот полициски синдикат. Ги знаеме економските состојби, знаеме дека се потребни огромни пресметки и дека ќе треба време, но платформата постојано треба да се турка напред.
Во продолжение во целост ја пренесуваме “Иницијативата за воведување на повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување“, што денес ја изнесоа ССМ и КСС.
![]() КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СЛОБОДНИ СИНДИКАТИ |
![]() СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА |
Со започнувањето на реформата во пензискиот систем од 2000 до денес, се направија многу значајни промени во пензискиот систем во државата, почнувајќи од воведувањето на тростолбен пензиски систем, задолжителното социјално осигурување, па се до промените во условите за пензионирање.
Сојузот на синдикатите на Македонија уште од самиот почеток на реформата, а подоцна се приклучи и Конфедерацијата на слободни синдикати, бараше во државата да постојат повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Во Република Македонија денес постои само еден услов за пензионирање (возраст - 62ж. 64м. и минимум 15 год. работен стаж), кој не е доволен и не дава можност за избор при пензионирањето и по други услови, познати во скоро сите земји од Европската Унија. Потребата од постоење на повеќе услови за пензионирање е неопходност во Република Македонија бидејќи постоењето само на еден услов, не може да ги апсорбира сите специфични отежнати услови за работа во одделни дејности, неможноста да се работи поради здравствени проблеми и проблемите што ги создаде транзицијата (стечајни работници, работници технолошки вишок, социјални случаи, кои неможат повторно да се вработат било поради годините на возраст или не се со квалификации што ги бара новото време на работење). За таа цел, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати, по барање на своето членство, до Владата на Република Македонија ја поднесуваат следната:
ИНИЦИЈАТИВА
за воведување на повеќе услови за пензионирање во Законот за пензиско и инвалидско осигурување Во Република Македонија покрај постојниот услов за пензионирање, да се воведат и следните услови за пензионирање: |
|
ПРЕТСЕДАТЕЛ на КСС Раско Мишкоски |
ПРЕТСЕДАТЕЛ на ССМ М-р. Живко Митревски |
Скопје, февруари 2011 година |