ССМ СМЕТА ДЕКА СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

24.01.2011

Синдикалните организации неосновано се задолжуваат да плаќаат радиодифузна такса на ЈП “МРТВ“. Тоа се непрофитабилни правни лица, без вработени и без телевизиски приемник, е ставот на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија...

Согласно член 146 од Законот за радиодифузна дејност не е оправдано синдикалните организации во претпријатијата и установите да бидат задолжувани со плаќање радиодифузна такса, заклучи Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната Четврта седница.

Причина за ставот на Претседателството на ССМ се решенијата за радиодифузна такса, кои Јавното претпријатие “Македонска радио телевизија“ почна да ги доставува до синдикалните организации, за цела 2010 година.

Претседателството на ССМ смета дека синдикалните организации се правни лица, меѓутоа со посебни карактеристики. Имено, основните синдикални организации:

  • се непрофитабилни правни лица,
  • немаат имот,
  • немаат деловен простор,
  • извршуваат синдикална активност која е непрофитабилна,
  • немаат радио и телевизиски приемници,
  • основачот на правното лице не е управител, туку претседател кој волонтерски ја извршува функцијата,
  • немаат вработени лица.

Со измените на Законот за работни односи основните синдикални организации станаа правни лица и се именуваат како синдикални организации, но нивната положба во општествениот и правниот систем на Република Македонија е доста специфична. Сите синдикални организации во државниот сектор, јавните претпријатија, приватниот сектор и во другите дејности се организации на луѓе кои се вработени кај друго правно лице, а тоа е претпријатието или установата каде постои синдикално организирање. Треба да се смета на овие факти во однос на сметките кои по автоматизам ги испраќа ЈП “МРТВ“.

Некои од синдикалните организации кои добија вакви решенија почнаа да поднесуваат жалби до Управниот одбор на ЈП “МРТВ“ и исто ќе постапат сите други синдикални организации кои ќе добијат вакви решенија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc