ОДРЖАН ПЕТТИОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
27.12.2010_Ljubisa__Karanfilovski 27.12.2010

На Петтиот Конгрес на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита за претседател во наредниот мандат е избран доктор Љубиша Каранфиловски...
Љубиша Каранфиловски


На Петтиот Конгрес на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, што се одржа на 24 декември во Охрид, за претседател во наредниот мандат е избран доктор Љубиша Каранфиловски, додека за почесен претседател Симон Силјановски.
На Конгресот се усвоени конгресните документи: Извештајот за активностите во меѓуконгресниот период, Извештајот на Надзорниот одбор и Извештајот за Синдикалниот фонд. Усвоен е нов Статут, Програма за дејствување на Синдикатот за здравство и нов Правилник за работа на Солидарниот фонд.
Доктор Љубиша Каранфиловски повеќе години е активен во синдикалното движење во Македонија и посебно во работењето на Синдикатот за здравство. Роден е на 20 август 1956 година, од образование има завршено Стоматолошки факултет во Скопје. Активно го зборува англискиот јазик. Моментно работи како доктор по стоматологија во Здравствениот дом во Битола.
Од 1993 до 1997 година е член на Советот на Сојузот на синдикатите на Mакедонија, а од 1997 до 2009 година член на Советот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Од 2001 до 2005 година е претседател на Синдикалната организација на Медицинскиот центар во  Битола. Од 2001 до 2010 година е претседател на Одборот на претседатели на синдикални организации во Самостојниот синдикат за здравство. Истовремено е претседател на Работната група за реформи во здравството и член на Извршниот одбор на Синдикатот за здравство.
Од 2003 година е член на Работната група во Министерството за здравство за изготвување на Законот за измени и дополнување на Законот за здравствена заштита, како претставник на ССМ.
Од 2005 година е претседател на Синдикалната организација на ЈЗУ “Клиничка болница“ и ЈЗУ “Здравствен дом“ во Битола. Од септември 2006 година е член на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Од јуни 2009 година е член на Комитетот за управување на здравството на Република Македонија и претседател на Поткомитетот за управување на здравството на Република Македонија.
Меѓу другите признанија за неговиот ангажман во синдикалното организирање има добиено и диплома од “ДЕТРА“ центарот за синдикално лидерство, техника на преговарање и комуникациски вештини.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc