УТРЕ ВО ССМ СЕ ОТВОРА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА МОБИНГ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

20.12.2010

На 21 декември во Сојузот на синдикатите на Македонија се отвора Канцеларија за мобинг, каде работниците ќе можат да добијат советодавна, правна, здравствена и друг вид помош. Канцеларија произлегува од проектот“ Антимобинг мрежа – МК“ на ССМ и на Синдикатот за финансиски дејности...

Утре во Сојузот на синдикатите на Македонија се отвора Канцеларија за мобинг. Во канцеларијата оштетените работници ќе можат да добијат советодавна, правна, здравствено – социјална и друг вид помош.

Канцеларијата за мобинг произлегува од проектот „Антимобинг мрежа – МК“, кој го реализираат Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за финансиски дејности (СФДМ). Имено, СФДМ подолго од една година е вклучен во Регионалната програма “Мрежа за здравје и заштита при работа“, во кој учествуваат синдикати и други институции од Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Од регионалниот проект произлегува и формирањето на “Антимобинг мрежата – МК“, чија промоција се одржа на 10 декември во ССМ.
Повиците за мобинг во канцеларијата ќе ги прима проектен специјалист, кој ќе биде сместен во просториите на СФДМ, и тоа во деновите понеделник, вторник и среда, од 10 до 14 часот. На мобираните работници ќе им биде закажуван термин за консултации, кога ќе можат да добијат стручна помош од страна на правник, потоа од здравствено – социјален експерт и од советник, тренер за мобинг.

Според концепцијата доколку се констатира дека едно лице е малтретирано на работното место ќе бидат преземени понатамошни дејства, како разговор со работодавачот од страна на синдикатот и од страна на адвокатот или медијаторот. Ако разговорите не вродат со плод следуваат правни дејства.

Отворањето на канцеларијата е во 10 часот, во просториите на СФДМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc