ИЗВРШЕН ОДБОР
Извршно тело на Претседателството на ССМ е Извршниот одбор.
Извршниот одбор го сочинуваат: претседателот на ССМ, секретарот на Советот на ССМ, потпретседателите на Советот на ССМ.
Извршниот одбор ги подготвува седниците на Претседателството и ги спроведува неговите одлуки.
Извршниот одбор работи на седници. Седниците ги свикува и со нив раководи претседателот на ССМ.
За својата работа го информира Претседателството.
Состав на Извршниот одбор:
- доктор Живко Митревски
- Анѓелко Анѓелковски
- Павел Трендафилов
- Живко Даневски
- Тихомир Климоски
- Роберт Симоноски