СИНДИКАТОТ ЗА ТЕКСТИЛ УТРЕ ОДРЖУВА КОНГРЕС

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

13.12.2010

Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија утре го одржува својот Шести Конгрес, под мотото “Побројни, единствени, посилни“...

Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија (СТКЧ) утре, на 14 декември, го одржува својот Шести Конгрес, под мотото “Побројни, единствени, посилни“. Конгресот ќе се одржи во Скопје, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Кандидат за претседател е Анѓелко Анѓелковски, секретар на Советот на ССМ и претседател на СТКЧ во досегашниот мандат.

На Конгресот ќе се поднесе Извештај за работата на СТКЧ за изминатиот период и ќе се дадат на гласање Предлог – Статут и Предлог – Програма за дејствување во периодот 2010 – 2015 година. Исто така ќе се предложи усвојување на “Предлог - Резолуција за постабилна економско – социјална состојба на претпријатијата, побројни и посигурни работни места“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc