ОДРЖАНО ШЕСТОТО СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ ЗА ХЕМИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

13.12.2010

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија го одржа Шестото собрание. За претседател е избран Зоран Мироновски...

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ) на 10 и 11 декември во Охрид го одржа Шестото собрание, на кое за претседател е избран Зоран Мироновски.

На Собранието, на кое учествуваа 50 од 53 делегати, претседателот Мироновски поднесе извештај за работата во изминатиот период. Собранието усвои нов Статут, Програма за работа за периодот 2010 – 2015 година, ново Претседателство и нов Надзорен одбор.

Со поздравен говор на Собранието се обрати претседателот на ССМ Живко Митревски. На Собранието како гости присуствуваа сродните синдикати од Турција, Србија и Црна Гора.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc