УТРЕ ПРОМОЦИЈА НА “АНТИМОБИНГ МРЕЖА МК“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

9.12.2010

Утре во ССМ ќе се одржи промоција на проектот “Антимобинг мрежа – МК“. Проектот ќе се одвива во рамките на регионалната “Мрежа за здравје и заштита при работа“, во која учествуваат институции од Хрватска, Србија и Црна Гора...

Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот на финансиските дејности, во соработка со Организацијата на работодавачи, утре ќе одржат промоција на Проектот “Антимобинг мрежа – МК“. Промоцијата ќе се одржи во просториите на ССМ, со почеток во 9:30 часот.

На промоцијата се поканети претставници од сите синдикати во Република Македонија, невладини организации, канцеларијата на Европската Унија во Македонија, Собранието, Владата, Правниот факултет “Јустинијан Први“, Економскиот факултет, Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет, Народниот правобранител и судските органи.

“Антимобинг мрежа – МК“ ќе се одвива во рамките на Регионалниот проект  на Европската Комисија, во кој се вклучени Хрватска, Србија и Црна Гора. Имено, Синдикатот за финансиски веќе една година работи на прашањето на мобингот, како национален партнер во регионалниот проектот “Мрежа за здравје и заштита при работа“. Учесници на овој проект се Синдикатот за финансиски дејности на Македонија, Синдикатот на банките и финансиските организации СС “Бофос“ од Србија и Синдикатот на финансиските организации од Црна Гора. Проектот ја опфаќа и Хрватска, од каде учествуваат Независните Хрватски синдикати, Хрватската асоцијација на невработените и Организацијата на работодавачи. Проектот е финансиран од Претпристапниот фонд “ОПА 2008“ (Civil Societu Facility).

На утрешната промоција ќе се претстави Прашалник за анкетирање на членовите на синдикатите. Резултатите од анкетирањето треба да се сумираат и да дадат појасна слика за состојбите на психичкото вознемирување на работните места во Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc