ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

24.11.2010

АГРО Синдикатот и Здружението за земјоделство при Организацијата на работодавачи вчера го потпишаа колективниот договор за двете дејности. Договорот е продолжен за две години...

Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) и Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија вчера во просториите на Стопанската комора на Македонија го потпишаа Колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија.

Договорот го потпишаа претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски и претседателот на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија Томислав Давков. Важноста на колективниот договор изнесува две години.

Во колективниот договор се регулирани повеќе права од работниот однос, како надоместокот за годишен одмор, плаќањето на прекувремената, ноќната и работата во празници и други работни односи.

Покрај Колективниот договор за земјоделство и прехранбена индустрија во рамките на дејностите од аграрот на сила е и Колективниот договор за тутунското стопанство.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc