ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ОХРАБРУВААТ ДА БАРААТ ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.11.2010

Унапредување на меѓуинституционалната соработка при постапување по случаи на дискриминација е тема на денешната работилница, што ја организираа ОБСЕ и Министерството за труд и социјална политика...

Луѓето во Македонија честопати не знаат дека се дискриминирани, а и ако имаат свест за таква состојба воглавно не се одлучуваат да бараат судска или друг вид заштита. Затоа заедничка цел е да се работи на тие две полиња: влијаење врз свесноста и охрабрување да ги бараат своите права преку државните институции и судската власт.

Ова е еден од заклучоците на денешната регионална работилница “Унапредување на меѓуинституционалната соработка при постапување по случаи на дискриминација“, што се одржа во Скопје, во организација на Организацијата за европска соработка и безбедност (ОБСЕ) и Министерството за труд и социјална политика. На работилницата беа присутни, покрај претставници од државните органи, и претставници на  невладините организации, Сојузот на синдикатите на Македонија и други институции  од кои се очекува соработка за оваа област.

Во Република Македонија постојат институционални структури за заштита од дискриминација. Во 2006 година е донесен Закон за еднакви можности на жените и мажите. Една од институциите е правниот застапник при Министерството за труд и социјална политика, Сектор за еднакви можности, каде граѓаните можат да се обратат и да добијат бесплатна правна помош. Застапништвото постои од 1 декември 2009 година и во моментов застапник е Ленче Коцевска. Понатаму, во сите општини постојат посебни комисии. Инаку во министерството постојат два сектора – за родова рамноправност и за еднакви можности.

Дискриминацијата е широк поим и може да опфаќа различни области, објасни модераторот Јована Тренчевска. Во Република Македонија најчесто овие односи се препознаваат во работните средини, меѓутоа дискриминацијата опфаќа односи по основ на пол, верска определба, етничка припадност и по други основи.

За ССМ посебно е важно злоставувањето на работното место, или популарно наречено мобингот, појава која е доста присутна и која исто така претставува еден вид дискриминација. ССМ и невладините организации во секој случај се повикани заеднички да работат на охрабрувањето на граѓаните да бараат заштита и остварување на своите права.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc