ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПРАВАТА НА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23.11.2010

“Работничките права и младите работници“ е наслов на тркалезната маса што ќе се одржи утре во Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Средбата е дел од проектот на Балканската фондација за деца и млади, ССМ и Универзитетот во Љубљана...

Утре во Југоисточниот европски универзитет во Тетово ќе се одржи тркалезна маса, насловена како “Работнички права и млади работници“. Тркалезната маса е дел од двегодишниот проект “Отворен дијалог за општествено вклучување на младите и работничките права на младите во Македонија“, што заеднички го водат Балканската фондација за деца и млади, Сојузот на синдикатите на Македонија и Универзитетот во Љубљана.

Модератори на тркалезната маса се извршниот директор на Балканската фондација Јоргос Пападакис и Николина Сталеска, програмски кординатор на БФДМ, додека предавачи и учесници се Ангелко Анѓелковски, секретар на Советот на ССМ, Зорица Геровска од Агенцијата за вработување во Тетово, Горан Лукиќ од Сојузот на слободни синдикати на Словенија, Агрон Рустеми, професор на Универзитетот во Тетово, Зоран Илиевски од Коалицијата на младински организации – СЕГА, Весна Милошевиќ од Универзитетот во Љубљана, Тадеј Беочанин од Националниот младински совет на Словенија и Елена Џартовска од Центарот за неформално образование “Триаголник“.

Двегодишниот проект “Отворен дијалог за општествено вклучување на младите и работничките права на младите во Македонија“ трае од 2009 во 2011 година и вклучува одржување на повеќе панел дискусии, семинари, тркалезни маси и други собири, на кои се обработуваат теми поврзани со положбата на младите, како што се социјалната вклученост, сиромаштијата, правата на младите надвор од пазарот на трудот, одливот на мозоци и други теми.

Проектот е финансиран од Европската комисија, односно од Генералниот директорат за вработување, социјални работи и еднакви можности. Целта на проектот е создавање погодна клима за отворен дијалог меѓу различните сектори во Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc