ОДРЖАН 18 КОНГРЕС, ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЗБРАН ЖИВКО МИТРЕВСКИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

28.10.2010

Осумнаесеттиот конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија го избра магистер Живко Митревски за претседател во наредниот мандат. Усвоени се сите конгресни документи...

Осумнаесеттиот конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија, што се одржа денес во Охрид, го избра Живко Митревски за претседател во наредниот мандат. Од 120 делегати на Конгресот присутни беа 99, кои сите гласаа за, односно немаше ниеден глас против.

Покрај изборот на претседател Конгресот ги усвои Предлог - Извештајот за активностите на ССМ во меѓуконгресниот период, Предлог - извештајот за Статутарната комисија, Предлог - извештајот на Надзорниот одбор. Усвоен е нов Статут на ССМ, прифатена е Предлог - Програмата за периодот 2010 - 2015 година. Конгресот ги разреши досегашните членови на Советот на ССМ и го потврди новиот состав на Советот, исто така и за Статутарната комисија и надзорниот одбор.

На денешниот конгрес, покрај делегатите, присусутвуваа претставници на повеќе организации од земјата и од странство - претставници на Владата на РМ, на конфедерацијата на слободни синдикати, СОНК, УНАСМ, МЗЗПР - македонското здружение за заштита при работа, амбасадата на САД, потоа делегации на светската и европската конфедерација на синдикати (ИТУЦ и ЕТУЦ), претставници на националните синдикати на Русија, Шведска, Германија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Холандија, Србија,  Турција и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На Конгресот беше прочитана поздравната телеграма од претседателот Ѓорге Иванов. Од повеќе присутни гости беше изразена безрезервна поддршка за новиот курс на Сојзуот на синдикатите.

ОДРЖАН 18 КОНГРЕС, ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЗБРАН ЖИВКО МИТРЕВСКИВо обраќањето на конгресот претседателот на ССМ Живко Митревски меѓу другото рече: нашиот нов курс  е промовирање на нов метод на работење во ССМ според принципот на заедништво, солидарност и колективно раководење. Мора да се смета дека дека економската криза ќе ја одбележи следната деценија и затоа синдикатите треба да знаат дека вршат услужна функција, со совети, контакти и солидарност кон членството.

Новото раководство направи низа остварувања од април до денес, од што најзначајно е добивањето репрезентативност, на повеќе грански синдикати и на ССМ на национално ниво, остварување заедништво со другите синдикални конфедерации, формирањето на Економско - социјалниот совет и воопшто враќањето на угледот на ССМ, истакна Митревски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc