ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД “АГРОПЛОД АД“ – РЕСЕН

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.10.2010

Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) го пренесува известувањето за медиумите на Синдикалната организација на “Агроплод“ -  Ресен. Известувањето го пренесуваме во целост.

ИЗВЕСТУВАЊЕ
од Основната синдикална организација на вработените во Агроплод АД Ресен.

Ве известуваме дека вработените во Агроплод АД Рсен немаат примено плата по превземањето на управување со друштвото Агроплод АД Ресен од страна на акционерот Ѓорѓи Китиновски, заедно со претставникот на државниот капитал на РМ, на одржаното Собрание на акционери од 19/07/2010 година. Вработените се доведени на работ на социјалната егзистенција, со неисплата на плати за повеќе месеци наназад. Вработените се загрижени за нивната состојба во која се доведени не по нивна вина, како и за судбината на друштвото Агроплод АД Ресен. Основната синдикална организација го повика менаџментот на состанок кој ќе се одржи во петок, 29/10/2010 година, за што се очекува ваквите состојби да се надминат или ублажат. Во спротивно ќе бидат превземени други дополнителни соодветни мерки за заштита на правата на вработените кои им следат соодветно позитивните законски прописи.

Претседател на основната синдикална организација
Живко Наумовски

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc