ОДРЖАНИ КОНГРЕСИ НА СИНДИКАТИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ГРАДЕЖНИШТВО И ПОЛИЦИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

25.10.2010

АГРО Синдикатот, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање и Македонскиот полициски синдикат одржаа свои конгреси во изминатите десет дена. Одредени се програмските насоки за наредниот период...

АГРО Синдикатот, Синдикатот на работниците од градежништво, индустрија и проектирање и Македонскиот полициски синдикат минатата недела одржаа свои конгреси во изминатите десет дена.

Живко Даневски: вклучување на категориите работници кои не се вклучени во синдикалното движење

Живко Даневски: вклучување на категориите работници кои не се вклучени во синдикалното движење

На 14 октомври во Охрид се одржа Четиринаесеттиот Конгрес на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија – АГРО Синдикат. За претседател на АГРО Синдикатот во наредниот петогодишен период е избран Живко Даневски. На конгресот се одредени целите за наредниот период и се усвоени документите, со посебен акцент на новиот усвоен Статут.

Според Статутот во синдикалното движење ќе ги вклучат категориите работници кои досега не членувале во АГРО Синдикатот. Тоа се регистрираните индивидуални земјоделци, сезонските работници, здруженијата на земјоделци и невработените во агроиндустрискиот комплекс. АГРО Синдикатот ќе формира сопствени структури за новото членство, на целата територија на државата.

Сметаме дека во наредниот период ќе ги потпишеме колективните договори на сите нивоа во тутунската индустрија, земјоделството, прехранбената индустрија и водостопанството. Една од целите е во овие четири дејности да се одредат минималните плати, информира претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски.

претседателот Павел Трендафилов најавува прифаќање на меѓународните социјални клаузули

претседателот Павел Трендафилов најавува прифаќање на меѓународните социјални клаузули

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија во Охрид го одржа својот Четврти Конгрес на 21 и 22 октомври. За претседател е избран Павел Трендафилов, кој ги изнесе задачите на СГИП за наредниот период.

СГИП ќе бара да се почитуваат и да се применуваат меѓународните конвенции во македонската легислатива. Во прашање е прилагодување на нашата легислатива согласно директивите 17 и 18 на Советот на Европа, како и на Конвенцијата 94 на Меѓународната организација на трудот, која Собранието на Република Македонија ја ратификува. Во основа се работи за вметнување социјални клаузули во политиката на јавните набавки, со што работа би добивале само компании кои ги исполнуваат законските обврски кон вработените и кон државата, информира Трендафилов.

Тихомир Климоски - МПС да учествува во уредувањето на системот во МВР

Тихомир Климоски - МПС да учествува во уредувањето на системот во МВР

Македонскиот полициски синдикат на 22 октомври во Охрид го одржа својот Петти Конгрес, на кој за претседател во наредниот петгодишен мандат е избран Тихомир Климоски.

Цели и задачи за наредниот период се подобрување на економско – социјалната положба на вработените во Министерството за внатрешни работи, уредување на системот на пензионирање на полицајците, регулирање на заштитата при работа, колективно договарање. МПС активно учествуваше и ќе продолжи да учествува во креирањето и регулирањето на повеќе области во МВР, како што е распоредувањето, унапредувањето, дообразованието и друго.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc