КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
20.10.2010_pavel_trendafilovСиндикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија на 21 и 22 октомври го одржува својот Четврти конгрес. Конгресот ќе се одржи во Охрид, со присуство на делегати од основните синдикални организации, како и гости од земјава и од странство, меѓу кои претставници на Меѓународната организација на синдикатите од градежништвото, шумарството и дрвната индустрија (BWI) и синдикатите за градежништво од Србија, Хрватска и Албанија.

Зборувајќи за активностите во меѓуконгресниот период претседателот на СГИП Павел Трендафилов истакнува дека во овој период СГИП своите активности ги спроведуваше во исклучително тешки економски и општествени движења. Во таквите услови секторите градежништво и индустрија за градежни материјали требаше да бидат носители на растот на економијата во Република Македонија, а со тоа и на растот на домашниот бруто производ. Државата е најголем инвеститор во градежништвото, но наместо да ги поттикнува компаниите кои редовно исплатуваа плата и плаќаа придонеси и  даноци кон државата, на тендерите работата ја добиваа градежни фирми (човек фирма), кои спротивно на јавните договори ангажираа работници без да плаќаат придонеси и даноци. Тоа доведе до големи проблеми во големите градежни компании, што резултираше со губење на работните места по разни основи, со одење во стечај или ликвидација на дел од компаниите, додека други продолжија да работат со огромна неликвидност.

КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВОНемањето разбирање од страна на  државата придонесе СГИП да продолжи со своите активности за новиот Закон за градба и за укинување на Правилникот за лиценци. СГИП се ангажираше пред државните институции за добивање работа на домашните компании, со што отпочнавме активности за средувањето на хаосот и таканаречената урбана мафија во градежништвото. Ангажирањето и активностите на СГИП придонесе  изградбата на хидросистемот Злетовица да ја изведуваат домашни градежни компании и да се дава приоритет за добивање на работа на наши компании во услови на глобална финансиска криза. При губењето на работа надвор од нашите граници, затоа што европските држави поради кризата ги затворија пазари за странските компании, единствен излез и спас на градежните компании се гледаше во добивањето на работа на домашниот пазар со финансирање во  капитални инвестиции. Затоа СГИП бараше приоритет во добивањето на работа на нашите компании, со што би се зачувале многу работни места и би се обезбедила економска и социјална сигурност на работниците.

Во тој правец побаравме и добивме широка подршка од меѓународните  организации на синдикатите и МОТ. Најголема поддршка добивме од Меѓународната организација на синдикатите од градежништвото шумарството и дрвна индустрија (BWI), по што  следеше и организирањето на меѓународна конференција на BWI за Европа во Скопје. На конференцијата се расправаше за политиката за јавни набавки, со учество на претставници на 90 Европски синдикати од 28 држави.
Лошата законска регулатива, посебно Законот за јавните набавки на Република Македонија, во кој не постојат социјални клаузули за заштита на правата на работниците, вработување на работници надвор од јавните договори без платени придонеси и даноци, без обврска на компаниите што учествуваат на тендерите да исплатуваат плата, непочитување на Законот за работните односи и колективните договори, се основна причина за ваквите лоши услови на стопанисување во овие дејности.

Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција и работењето на црно и да се хармонизира работното законодавство во Македонија, со прифаќање на стандардите на земјите од ЕУ и демократските држави од светот, СГИП отпочна активности за ратификација на Конвенцијата 94 на МОТ. Во тој правец синдикатот организираше Меѓународна конференција во Скопје на која учествуваа трите социјални партнери во Република Македонија и експерти од МОТ. Со тоа продолжија активностите на СГИП за прилагодување на нашето законодавство согласно директивите 17 и 18 на Советот на Европа, во интерес на работниците и компаниите. Паралелно со сите овие активности СГИП достави извештај до МОТ за социјалното партнерство, колективното договарање  и законската регулатива во Република Македонија. Сите активности на СГИП за сузбивањето на работата на црно и злоупотребата на работниците вон јавните договори,  иницијативата на СГИП за ратификација на Конвенцијата 94, големата поддршка што ја добивавме од страна на  BWI  и експертскиот комитет на МОТ, оваа година вроди со плод и Собранието на Република Македонија ја ратификува конвенцијата 94 на МОТ.

СГИП отпочна активности и за потпишување на колективниот договор на ниво на гранка. Прва пречка со која се соочи беше немање партнер за преговори и за потпишување на колективен договор. Здружението на работодавачи како социјален партнер не функционираше, па СГИП напорно работеше за конституирање на органите на здружението. При тоа беше формиран Управниот одбор и се отпочнаа активности за преговори. Во преговорите беше постигнат договор за целиот текст освен за платата. Бидејќи не се постигна договор за висината на најниската плата СГИП не сакаше да го потпише колективниот договор. Во наредниот период преговорите помеѓу двата партнери не продолжија бидејќи настанаа промени во раководството на здружението на работодавачи односно поголемиот дел од постојните членови на Управниот одбор не беа во компаниите, со што престана и нивната функција  во  Управниот одбор.

Од тие причини до денес не е потпишан гранскиот колективен договор. Поради тоа СГИП отпочна активности, заедно со синдикалните претставници, за изготвување и потпишување на колективни договори на ниво на работодавач. Потпишувањето на овие колективни договори се одвиваше тешко бидејќи немаше интерес од страна на работодавачите.

На 26.07.2010 СГИП доби решение за репрезентативност и стана единствен Синдикат во Република Македонија во својот сектор за колективно договарање. Повторно се наметна проблемот од немање на партнер за колективно договарање, затоа што Здружението за градежништво и неметали сеуште нема докажано репрезентативност на ниво на сектор.

СГИП посебно внимание посвети на сопствената кадровска политика преку едукација на своето членство. Целокупната едукација се одвиваше со финансиска Еберт. Во рамките на овие програми за подршка во образованието, најголема подршка добивме од BWI, преку која едуциравме над 1000 синдикални претставници во изминатиот петгодишен период

За задачите на СГИП во наредниот период Трендафилов нагласува кога Република Македонија е на прагот да добие датум за преговори со ЕУ и членство во НАТО, и приклучување на ССМ како полноправен член во Европските и Светските Синдикални федерации и  асоциацији, СГИП ќе бара да се почитуваат и применуваат колективните договори и мегународните конвенции. Слободата на синдикално здружување, што е уставна категорија, е спречувана од многу работодавачи и затоа наша цел е да им помогнеме на голем број работници да не останат без работа и егзистенција, исто така и да се почитува слободата на синдикално организирање и заштита на правата од работен однос. СГИП ќе продолжи со реформите на регионално ниво со подршка на ICEM. Ќе поттикнуваме поголема активност на секциите на жени и млади, кој дадоа и даваат полн придонес во развојот на СГИП, со големата помош што ја добиваме од BWI и нивната регоналната канцеларија во Сараево. Посебно би ја истакнал секцијата на млади, која е една од најактивните, не само во државата, туку и надвор од неа. Секцијата целосно се вклучи во работата и активностите на СГИП, со што се враќа довербата дека младите ќе бидат главни носители на активностите во синдикатот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc