УТРЕ СЕ ОДРЖУВА 14. КОНГРЕС НА АГРО СИНДИКАТОТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
Раководството на АГРО Синдикатот

Утре ќе се одржи Четиринаесеттиот Конгрес на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија (АГРО Синдикат). Конгресот ќе се одржи во хотелот “Гранит“, со почеток во 14 часот.

Наши статутарни определби се вклучување на категориите граѓани кои не биле опфатени во синдикалната платформа. Тоа се сезонските работници, здруженијата на земјоделци, невработените во агроиндустрискиот комплекс и студентите, информира Живко Даневски, претседател на АГРО Синдикатот.

Сезонските работници се појава карактеристична за овие дејности, посебно во земјоделството и тутунарството. Во некои случаи 80 отсто од работите ги извршуваат токму постојаните сезонски работници. Здруженија на земјоделци, пак, има во повеќе области, како земјоделството, лозарството, млекарството, овоштарството и други дејности. Невработените и студентите од технолошките и земјоделските факултети се исто така категории предвидени да се вклучат во агендата на АГРО Синдикатот. Главно тежиште за регулирањето на правата на овие категории граѓани се колективните договори на сите нивоа, објаснува Даневски.

Покрај делегатите на конгресот се очекува присуство на претставници од Организацијата на работодавачи и од претпријатијата во кои солидно се остварува социјалниот дијалог. Исто така се поканети претставници од синдикатите од земјоделството, прехранбената индустрија и водостопанството од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и други земји од регионот.

АГРО Синдикатот е член на Европската федерација за храна, земјоделство, тутун и туризам (EFFАT) и на Интернационалниот синдикат за храна, земјоделство, хотелиерство, угостителство и туризам, тутун и останати здруженија на работниците (IUF).

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc