СООПШТЕНИЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.10.2010

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати денес, 05.10.2010 година одржаа заедничка средба на која дадоа целосна поддршка на пораките на Меѓународната конфедерација на синдикати – ИТУЦ...



СООПШТЕНИЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати денес, 05.10.2010 година одржаа заедничка средба на која дадоа целосна поддршка на пораките на Меѓународната конфедерација на синдикати – ИТУЦ. Пораките на овогодишниот Светскиот ден за пристојна работа, 7 октомври, се:

  • Раст и достојни работни места, а не строги мерки како суштински за сузбивање на кризата и ставање крај на сиромаштијата, затоа што суровите мерки можат да ја доведат Европа до рецесија и да резултираат со уште поголема невработеност. Не за суровоста – приоритет за работата и за растот!“
  • Квалитетните јавни услуги, кои се суштински за пристојниот живот, не смеат да бидат скратени во името на фискалната консолидација.
  • Финансискиот сектор мора да плати за штетета што ја направи. Ние не ја предизвикавме кризата. Сметката треба да ја платат банките, а не работниците.

На денешниот состанок двете синдикални организации ги истакнаа заедничките заложби за подобрување на материјално - социјалната положба на вработените и на граѓаните во Република Македонија:

  • Отворање на нови работни места и намалување на бројот на невработени;
  • Сигурни работни места;
  • Редовна исплата на платите;
  • Безбедни и здрави услови за работа;
  • Утврдување на минимална плата;
  • Квалитетен социјален дијалог меѓу социјалните партнери;
  • Реформа на пензискиот систем, со проширување на условите за пензионирање;
  • Намалување на сиромаштијата.

 

Сојуз на синдикатите на Македонија Конфедерација на слободни синдикати
в.д. претседател претседател
Живко Митревски Растко Мишковски

 

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc