ПОДДРШКА ОД ССМ ЗА ДЕНЕШНИТЕ ЕВРО ДЕМОНСТРАЦИИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

29.09.2010

Сојузот на синдикатите на Македонија во целост ги поддржува денешните демонстрации во Брисел, кои ги организира Европската конфедерација на синдикати. В. Д. Претседателот Живко Митревски испрати писмо со поддршка до генералниот секретар на ЕКС Џон Монкс...

Денес сто илјади работници демонстрираа во Брисел

Полна поддршка, целосно оправдување на барањата и безрезервна солидарност за денешната акција на синдикатите од 30 европски земји е пораката на Сојузот на синдикатите на Македонија во однос на денешните евродемонстрации во Брисел.

По повод денешниот Ден на акцијата в. д. претседателот на ССМ Живко Митревски испрати писмо  до Џон Монкс, генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС). Во писмото се вели:

“Би сакал да ја искористам оваа можност да изразам поддршка и солидарност за Денот на акција на ЕКС, Евродемонстрации 29 септември 2010: “Не за суровоста – приоритет на работата и на растот!“, од мое лично име и од името на вработените во ССМ.

Истовремено Сојузот на синдикатите на Македонија ја изразува солидарноста на сите македонски работници – членови на гранските синдикати во ССМ, со активноста на европските синдикати, насочена против суровите мерки усвоени во повеќе европски земји, како и поддршка за барања за планови за опоравување кои ќе бидат во полза на квалитетни работни места, достоинствени плати, добра социјална заштита и раст.“

Познато е дека денес, 29 септември, Европската конфедерација на синдикатите организира европски демонстрации во Брисел, под мотото “Не за суровоста – приоритет на работата и на растот!“ Целта на демонстрациите е да се испрати предупредување дека мерките на штедење, кои Владите почнаа да ги спроведуваат, можат повторно да ја турат Европа во рецесија и во уште поголема невработеност и негативно да влијаат на социјалната сигурност.

Околу сто илјади протестанти денес демонстрираат во Брисел, главниот град на Европската Унија, додека илјадници работници координирано одржуваат демонстрации во повеќе европски градови.

Одлука за одржувањето на денешниот Ден на акцијата донесе Извршниот комитет на ЕКС на први и втори јуни. Евродемонстрацијата е составена од педесет синдикати, членки на ЕКС, кои претставуваат 30 држави. Европските синдикати демонстрираат против строгите мерки усвоени во повеќе европски држави и бараат планови за опоравување, во корист на квалитетните работни места и економскиот раст.

Пренесуваме дел од програмата на ЕКС за денешните демонстрации во Брисел:

Не за суровоста – приоритет за работата и за растот!“

...Затоа што суровите мерки можат да ја доведат Европа до рецесија и да резултираат со уште поголема невработеност.

Финансиската криза ја доведе Европа до најлоша состојба од периодот на триесеттите години: 23 милиони невработени, милиони европски граѓани станаа ранливи и несигурни, а социјалната тензија расте низ цела Европа. Единствениот одговор на оваа состојба на европските влади беше усвојување на сурови мерки кои дополнително ќе ги влошат негативните последици на социјалната солидарност и растот.

Ние не ја предизвикавме кризата. Сметката треба да ја платат банките, а не работниците.

ОДБИВАМЕ:

  • сурови планови во Европа, намалување на платите и пензиите
  • несигурност и невработеност меѓу младите и повозрасните работници
  • дерегулирање на суровите стандарди и социјална регресија
  • сиромаштија и социјално исклучување
  • растечка социјална нееднаквост

затоа што сакаме посоцијална Европа со поголема солидарност на европските граѓани, особено младите, пензионерите и жените...

БАРАМЕ:

  • пристап до квалитетни и стабилни работни места, како и подобра обука за сите
  • гаранција за достоинствена плата
  • добра социјална заштита како единствена гаранција за социјалната кохезија и солидарност
  • заштита на потрошувачката моќ
  • гаранција за подобри пензии
  • квалитетни јавни и социјални услуги достапни за сите:

ЗАТОА ШТО НИ ТРЕБА ОДЛРЖИВ РАЗВОЈ БАРАМЕ:

  • воведување на данок на финансиски трансакции за обезбедување на политика за јавно инвестирање
  • развој на одржливи и динамични индустриски политики кои се базираат на раст на индустрии со ниско ниво на испуштен јаглерод диоксид
  • подобра фискана координација и транспарентност за превенција на социјален дампинг во Европа.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc