ПРОТЕСТОТ НА СТЕЧАЈНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ УШТЕ СО НЕУСКЛАДЕНИ БАРАЊА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.09.2010

Вратата на ССМ е отворена за решавање на сите отворени социјални и економски прашања...

Сојузот на синдикатите на Македонија не се оградува од барањата на стечајните и технолошки вишок работници. Проблем е што во земјава постојат многу организации, формални и неформални здруженија и групи и сите имаат различни ставови како да се реши овој наталожен проблем, кој, патем, не го предизвика Синдикатот. Затоа сметаме дека е потребно да се формира соодветно тело со цел да се усогласат нивните барања и истите да се репрезент за сите категории.

Ова е ставот на ССМ во однос на проблемот на стечајните работници, што се однесува и на здружението “УНИТ“ од Куманово, чии членови денес одржаа демонстрации во Скопје.

Во однос на изјавите на Драге Јованоски, раководител на Секторот за правна заштита на ССМ, искажани на денешниот собир на стечајните работници, напоменуваме дека тоа се негови лични ставови, кои ги пласира без овластување на раководството на ССМ, кршејќи ги основните начелни стратегии и постапки утврдени со Статутот на ССМ и од Претседателството на Советот на ССМ.

Напоменуваме дека ССМ јасно се определил дека сите отворени социјални и економски прашања ќе ги разгледува согласно своите надлежности утврдени во Програмата, Статутот, во рамките на институциите на системот и особено преку Економско – социјалниот совет.

Истовремено уште еднаш се оградуваме од сите партиски и политички притисоци и од игрите на некои поединци и групи кои се насочени против единството, солидарноста и јакнењето на синдикалното движење и неговата независност.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc