ОДРЖАНА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

15.09.2010

Сите закони и подзаконски акти кои се однесуваат на стандардот на граѓаните ќе бидат разгледувани од Eкономско – социјалниот совет. Се отвора пат на вистински социјален дијалог и доверба меѓу социјалните партнери...

Можеме да бидеме задоволни што во Република Македонија конечно е конституиран Економско – социјалниот совет. Покрај тоа што сите закони и подзаконски акти значајни за положбата и стандардот на граѓаните ќе бидат разгледувани во Советот, многу важно е што со ЕСС се исполнуваат критериумите на Ецвропската Унија.

Ова денес, после одржувањето на првата конститутивна седница на Економско – социјалниот совет, на прес конференција го порачаа претставниците на трите социјални партнери - Владата, синдикатите и работодавачите.

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами изјави дека после неколку години ЕСС е конечно оформен. Имаше критики од Европската Унија, но за се е потребно време. Подготовките ги започнавме уште минатата година, со измени на Законот за работни односи во делот на репрезентативноста на синдикатите и организациите на работодавачи. Ова е само прва конститутивна седница, на која се формирани и работни групи, додека за понатаму сите закони сериозно ќе бидат разгледувани во Советот.

Министерот Бајрами дополни дека во ЕСС членуваат по четворица претставници од Владата, од синдикатите и од работодавачите. Инаку од синдикална страна по двајца претставници имаат Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Се отвора ново поглавје во институционализирањето на социјалниот дијалог во Македонија, рече претседателот на Сојузот на синдикатите Живко Митревски. Тоа поглавје значи ново легитимирање на синдикатите, односно на сите социјални партнери. Во ЕСС сите закони ќе бидат задолжително разгледувани. Отсега мислењето на синдикатите ќе биде искажувано на самиот старт на донесувањето на законите. Имаме желба ЕСС да биде важен фактор во креирањето на економската положба на работниците во Република Македонија. Во однос на европерспективите сметаме дека со ЕСС се имплементираат ЕУ директивите кои Република Македонија треба да ги исполни за влез во Унијата.

На прашањето на новинарите за конкретни синдикални барања Митревски одговори дека ССМ има поднесено предлог мерки за ублажување на последиците од кризата, додека другите прашања од синдикална страна се пресметување на синдикална потрошувачка кошница  и воведување на совети на вработените. Во прашање е прифаќање на европскиот принцип дека основа на управувањето не е само капиталот и сопственоста, туку и трудот.

Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи, рече дека ЕСС значи вистинско социјално партнерство и доверба меѓу социјалните партнери. Искажана е полна поддршка од страна на Владата, додека поради широчината на темите во идното работење може да се одржуваа неформални средби со ресорните министри, покрај редовната работа на советот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc