ЕУ ИНТЕГРАЦИЈАТА ПОДРАЗБИРА ВКЛУЧЕНОСТ НА СИНДИКАТИТЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

14.09.2010

Претставникот на Европската конфедерација на синдикати Петер Зајданек денес порача дека ССМ има свој битен дел во евроинтеграцијата на Република Македонија. Вистинскиот социјален дијалог е јасен критериум на Брисел...

Охрабрени сме од промените во синдикалното движење во Република Македонија. Посебно е значајно што се подобруваат односите меѓу Сојузот на синдикатите и Конфедерацијата на слободни синдикати, што ќе придонесе за силен заеднички и координиран глас во социјалните преговори во вашата земја.

Ова денес го истакна претставникот на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) Петер Зајданек на денешната конференција за печат што се одржа во ССМ. Повод за прес конференцијата се разговорите што раководството на ССМ ги водеше со претставникот на ЕТУЦ. Двете клучни цели на разговорите се членството на ССМ во ЕТУЦ и улогата на ССМ во евроинтеграцијата на Република Македонија во Европската Унија.

Сега ССМ е со статус набљудувач во ЕТУЦ, што значи дека ги има сите права како останатите членки, со тоа што не плаќа членарина. Инаку ССМ е единствена синдикална организација од Македонија присутна во ЕТУЦ, додека целта е директно учество во работењето во конфедерацијата, објасни Зајданек.

Претседателот на ССМ Живко Митревски, поздравувајќи го гостинот кој после девет години повторно е во Македонија, истакна дека согласно новата стратегија ССМ ќе биде активен чинител во севкупните движења во земјава. За Република Македонија членството во Европската Унија е дефинивно одреден пат, додека ССМ ќе стори се да се имплементираат ЕУ директивите. Меѓу останатото ССМ учествува во Националниот совет за евроинтеграции, додека централна задача е уредување на сите социјални прашања потребни за исполнувањето на ЕУ критериумите.

Едно од најважните барања на Брисел е социјалниот дијалог, истакна Зајданек. За ЕУ е важно во земјите кандидатки да се води вистински социјален дијалог, а не монолог на Владата. Во тој правец охрабрува екипирањето на Економско – социјалниот совет, кој е важна институција во уредувањето на односите во земјата. Меѓутоа, потребни се некои промени во функционирањето на ЕСС, појасни Зајданек. Сега со советот претседава Владата, но треба да се размислува за ротација на раководењето. Во Европа нема прецизни правила, но ротацијата е прифатен принцип во повеќето земји.

Митревски ги запозна новинарите со агендата за воведување совети на вработените. Тоа не се некогашните работнички совети од поранешниот систем, туку нов тип современи институции кои постојат и се воведуваат во Европа. Во месец декември ќе поднесеме предлог за усвојување закон за формирање совети на вработените.

Република Македонија е вклучена во Регионална меѓународна комисија, во која влегуваат синдикатите од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Регионалната комисија ќе биде поддржана од Фондацијата “Фридрих Еберт“ и од ЕТУЦ, додека задача е градење прибирање информации, нивна анализа, заедничка стратегија, размена на искуства и информирање, објаснија Зајданек и Митревски.

Образложувајќи ја поддршката на ЕТУЦ кон ССМ Зајданек рече дека компетентноста, стручноста, информираноста и професионалниот третман се принципи по кои ССМ треба да настапува во преговорите со социјалните партнери.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc