ЕДЕН ОД ОЧЕКУВАНИТЕ НАПАДИ ПРЕД КОНГРЕСОТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

2.09.2010

Неколкучасовниот прекин на телефонските линии и интернетот се искористи за напад врз сегашното раководството на ССМ, објасни секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски...

Испадот на Драге Јованоски е само еден од нападите што ги очекуваме пред одржувањето на Конгресот на ССМ и кои веројатно ќе ги има повеќе. Телефоните и интернетот во службите на ССМ беа краткотрајно исклучени поради големите сметки, направени од претходното раководство. Исто така во ССМ се редуцирани непотребните дупли линии во една канцеларија, односно место две ќе се користи една линија, што е сосем доволно за нормална комуникација. Сметките се веднаш подмирени и линиите се пуштени, објаснува секретарот на Сојузот на синдикатите на Македонија Анѓелко Анѓелковски.

Објаснувањето е по повод вчерашните обвинувања на Драге Јовановски, раководител на Секторот за правна заштита на ССМ, за наводни притисоци врз него. Како доказ Јованоски пред медиумите го наведе краткотрајниот прекин на телефонска линија и интернетот.

Слични обвинувања насочени кон сегашното раководство изнесе поранешниот претседател Ванчо Муратовски, кој од некои причини се најде во близина на новинарските екипи. Да потсетиме дека во месец април тринаесет синдикати, на седница на Советот на ССМ, изгласаа недоверба за Муратовски и го избраа Живко Митревски за вршител на должноста претседател на ССМ.

Претседател се избира на Конгресот на ССМ, кој е закажан за 28 октомври. Како кандидат за претседател се јавува Драге Јованоски, но директното кандидирање и одењето по основни организации е надвор од системот за кандидирање во Сојузот. Не сакам да зборувам колку колегата Драге ги користел и ги злоупотребувал телефоните за таа намера. Досега ниеден од седумнаесетте синдикати не се произнел за неговата кандидатура, додека неколку синдикати досега за претседател на ССМ го имаат предложено в.д. претседателот Живко Митревски, изјави секретарот Анѓелко Анќелковски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc