ПРЕТСТАВНИЦИ НА ССМ ВО ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ СЕ ЖИВКО МИТРЕВСКИ И ПЕЦЕ РИСТЕВСКИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

27.08.2010

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија одлучи претставници во Економско - социјалниот совет да бидат претседателот Живко Митревски и претседателот на синдикатот СМЕР Пеце Ристевски...

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство Пеце Ристевски се претставници на ССМ во Економско - социјалниот совет на Република Македонија. Изборот на двајцата членови во ЕСС е потврден со Одлука на Претседателството на ССМ.

Да потсетиме дека завчера, на 25 август, во Владата на Република Македонија беше потпишана Спогодба за основање на Економско - социјален совет на Република Македонија. Потписници на спогодбата од страна на Владата се заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, од страна на синдикатите претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Растко Мишковски, додека од страна на работодавачите претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Димитар Стојановски.

Сите потписници изјавија дека ЕСС е голем чекор напред во уредувањето на социјалните и економските односи во државата во европски социјален дух. Инаку досегашна пречка за формирањето на ЕСС беше утврдувањето на репрезентативноста на синдикатите и на организациите на работодавачи, но условот е исполнет со добивањето решенија за репрезентативност на  ССМ, КСС и ОРМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc