ПОТПИШАНА СПОГОДБАТА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

25.08.2010

Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи денес потпишаа Спогодба за основање Економско - социјален совет...

Денес Владата на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи потпишаа Спогодба за основање на Економско - социјалниот совет.

Заедничка констатација на сите социјални партнери, потписници на Спогодбата, е дека многу се очекува од работата на Економско - социјалниот совет (ЕСС), пред се во поглед на постигнувањето социјален мир во Република Македонија и заштитата на работниците и граѓаните.

Владимир Пешевски, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, изјави дека формирањето на ЕСС е чекор напред кон подобрување на дијалогот меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Отсега натаму ќе постои совет со широки задачи пред себе. ЕСС ќе дава суд и мислење за економските политики на Владата, како и за целата законска регулатива. За нас е важно да знаеме што мислат синдикатите и работодавачите за политиките на Владата, но во секој случај ЕСС е платформа на партнерство која ќе влијае за заштитата на работниците.

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами истакна дека задачата на ЕСС е да се креира социјална политика во интерес на граѓаните.

Ова е историски чин во институционализирањето на социјалниот дијалог, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски. Работењето на ЕСС е во согласност со европскиот социјален дух, односно ние се приближуваме кон европскиот саоцијален модел. Функцијата на ЕСС не е од формален карактер, туку тоа е совет во кој реално ќе ги разгледуваме сите промени кои се од значење на работниците и за граѓаните, дополни Митревски.

Растко Мишковски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати, изрази надеж дека сите партнери ќе се залагаат ЕСС да функционира како институција во која ќе се усогласуваат ставовите на социјалните партнери.

Од страна на работодавачите зборуваше Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи, кој рече дека ЕСС ќе разгледува корпус закони значајни за социјалната, материјалната и економската положба на луѓето. Добро е што ќе постои институција во која ќе можат да се искажат сите наши предлози и мислења, истакна Стојановски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc