ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ОБЈАВЕНА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТА НА ССМ И НА ОСУМ СИНДИКАТИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

6.08.2010

Во “Службен весник“ се објавени решенијата за репрезентативност на Сојузот на синдикатите на Македонија и на осум грански синдикати здружени во ССМ...

Решенијата за репрезентативност на Сојузот на синдикатите на Македонија и на осум синдикати здружени во ССМ се објавени во “Службен весник“, број 105/10, од 5 август 2010 година.

Според објавените решенија Сојузот на синдикатите на Македонија е репрезентативен на национално ниво со 17,47 отсто.

Сојузот на синдикатите на Македонија е репрезентативен за јавниот сектор со 23,34 отсто.

Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) е репрезентативен во приватен сектор во областа на земјоделското производство на прехранбени производи и пијалоци и производство на тутунски производи со 33,83 отсто.

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиство и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ) е репрезентативен во јавен сектор во областа на собирање, пречистување и  дистрибуција на вода, отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарии и слични активности и други услужни дејности со 85,80 отсто.

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП) е репрезентативен во приватниот сектор во областа на градежништвото и производство на производи од други неметални суровини со 27,73 отсто.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ е репрезентативен во јавен сектор во областа на здравството и социјалната заштита со 43,5 отсто.

Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ) е репрезентативен во приватен сектор во областа на производство на кожа и предмети од кожа со 31,34 отсто.

Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија - ССЕСМ е репрезентативен во приватен сектор во областа на снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода со 42,72 отсто.

Македонски полициски синдикат (МПС) е репрезентативен во јавен сектор на ниво на гранка, односно оддел.

Синдикат на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ е репрезентативен во приватен сектор од областа на одгледување на шуми, користење на шуми и соодветни услужни дејности со 73,54 отсто.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc