ЕВРОПА ЈА ЗГОЛЕМУВА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

16.07.2010

Во секоја земја, порано или подоцна, почнува да се зборува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Неколку членки на Унијата веќе ја зголемија возраста на 67 години...

Брисел - реформите на националните пензиски системи се дел од антикризните програми

 

Големите протести во Париз минатиот месец, насочени против зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години, по се изгледа дека нема да ги поколебаат реформските планови на француската Влада. Гаранција може да се најде надвор од Франција, практично на целиот континент, каде најголемиот број земји воведоа или најавуваат слични мерки за намалување на буџетските трошоци на пензиските фондови.

“Продолжувањето на работниот стаж е неизбежно. Сите наши европски партнери тоа го направија“, изјави францускиот министер Ерик Верт пред медиумите по повод демонстрациите.

Глобалната криза и кусоците во буџетите, порано или подоцна, наведуваат на разговор за зголемување на старосната граница на пензионирање. Така во Германија уште во 2006 година е усвоена реформа која предвидува постепено продолжување на старосната граница за одење во пензија од 65 на 67 години, и тоа во периодот од 2012 до 2018 година.

Холандија планира до 2025 година да ја зголеми границата за две години, односно на 65 години старост. Шпанската владата на почетокот на 2010 година ја објави намерата да ја зголеми старосната граница од 65 на 67 години.

Британската влада планира од 2016 година да ја зголеми старосната граница на 66 години, со тоа што во наредните децении границата да се помести на 70 години.

Во февруари оваа година реформа на пензискиот систем најави и Грција, покрај другите мерки за штедење, како намалување на платите на државните службеници, даночна реформа, зголемување на цените. Во Грција со реформите старосната граница ќе се продолжи за најмалку две години.

Со реформите се опфатени двата пола. Сега во Германија и мажите и жените одат во пензија со наполнети 65 години. Нема големи разлики ни во Швајцарија, каде жените и мажите одат со 64, односно 65 години. Во Велика Британија и во Австрија границата за жените е 60, а на мажите 65 години. После воведувањето на новите стандарди во Грција жените ќе се пензионираат на 62 и мажите на 67 години. Една од најниските граници има Русија, каде жените се пензионираат на возраст од 55, а мажите на 60 години.

Продолжувањето на старосната граница е само една од мерките на ригорозно штедење на државните трошоци. Во настојувањето да се изборат со дефицитите во буџетите членките на Европската Унија ги намалуваат платите, воведуваат нови даноци – всушност секоја земја воведува свои мерки на борба против последиците од глобалната криза.

Република Македонија не може да остане надвор од европскиот тренд на зголемување на старосната граница за пензионирање. Границата еднаш се помести, на 62 години за жени и 64 за мажи. Не сме исклучок ни во расположението на граѓаните – луѓето, природно, сакаат порано во пензија, но истовремено се потполно свесни за економската реалност на земјата. Така анкетата на “Finansial Times“ покажа дека и покрај демонстрациите во Париз, две третини од Французите го одобруваат зголемувањето на границата на 62 години.

 

ПРОСЕЧНИ ПЕНЗИИ ВО ЕВРОПА

Април 2010 година

(во евра)
Луксембург-------------------------- 3.000
Норвешка---------------------------- 1.760
Грција--------------------------------- 1.600
Данска-------------------------------- 1.411
Швајцарија-------------------------- 1.393
Италија------------------------------- 1.141
Франција----------------------------- 1.108
Шведска------------------------------ 1.060
Финска-------------------------------- 1.050
Австрија------------------------------ 1.026
Шпанија------------------------------ 877
Белгија-------------------------------- 847
Германија--------------------------- 791
Малта---------------------------------- 615
Словенија---------------------------- 604
Полска-------------------------------- 473
Велика Британија----------------- 460
Чешка--------------------------------- 396
Португалија-------------------------- 354
Словачка----------------------------- 351
Унгарија------------------------------ 332
Хрватска------------------------------ 324
Естонија------------------------------ 288
Летонија------------------------------ 258
Литванија----------------------------- 220
Србија--------------------------------- 210
Романија----------------------------- 177
Б и Х------------------------------------ 171
Бугарија------------------------------- 145
Албанија------------------------------ 55

(извор: Novy Cas, Словачка)

Во месец март 2010 година во Република Македонија просечната пензија изнесуваше 10.104 денари, или 164,16 евра.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc