ВО 2009 ГОДИНА УБИЕН 101 СИНДИКАЛЕН ЛИДЕР
21.06.2010
Во целиот свет расте притисокот врз синдикатите, констатирано е во Годишниот извештај на Светската конфедерација на синдикатите. Владите и работодавачите ја користат кризата за да го ослабнат влијанието на синдикалните организации...
Во 2009 година е убиен 101 синдикален лидер во целиот свет, што е зголемување за 30 отсто во однос на претходната година. Убиствата се само дел од се поголемите притисоци врз синдикатите и воопшто од се поголемото кршење на синдикалните права во целиот свет, констатирано е во Годишниот извештај на Светската конфедерација на синдикатите (International Trade Union Confederation – ITUC).
Извештајот за состојбата со кршењето на синдикалните права секоја година се објавува на 9. јуни. Во продолжение го пренесуваме извештајот, што е објавен на интернет страницата http://survey10.ituc-csi.org
ГОДИШНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА КРШЕЊЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ПРАВА ВО 2010 - ITUC
Предговор
Почнувајќи 2008 година, глобалната финансиска и економска криза имаше големо влијание во целиот свет на нивото на вработување. Десетици милиони работни места се изгубени и многу милиони работници се уште чувствуваат закана од невработеност. Токму ова прашање стана централна задача на синдикатите, одбрана и промоција на правата на работниците и пристојни работни места за сите, дури и потешко отколку во било кое време во поновата историја. Навистина, во многу земји и покрај повикот од страна на Г-20 државите, државните органи и претпријатијата продолжија да ја користат кризата како изговор за да ги ослабнат и поткопаат синдикалните права.
ITUC смета дека борбата за универзалното почитување на синдикалните права загарантирани во основните конвенции на МОТ е потребна повеќе од кога било досега. На Конгресот на ITUC во 2006 година организацијата се обврза да го осудува кршењето на правата на работниците, секаде каде што ќе се појави такво кршење. Објавувањето на ова истражување е значаен дел од исполнувањето на таа обврска.
Оваа анкета води евиденција на богата листа на прекршоци, во 140 земји. претрпени од синдикалистите кои се обидуваат да ги бранат работничките интереси. Постојат и прекршувања кои остануваат непријавени, како на пример, жени и мажи кои се лишени од правото на глас или се плашат да проговорат поради последиците на своите работни места, дури и под прашалник е ставена нивната физичка безбедност. Истражувањето нуди детална документација за малтретирања, заплашувања, прогон и, во најлош случај, убиство на синдикалисти. Убиствата на синдикалистите всушност се зголеми за 30 отсто во споредба со претходната година.
Најмалку 101 синдикалисти биле убиени во 2009 година во споредба со 76 од претходната година: 48 беа убиени во Колумбија, 16 во Гватемала, 12 во Хондурас, 6 во Мексико,6 во Бангладеш, 4во Бразил, 3 во Доминиканската Република , 3 во Филипини, 1 во Индија, 1 во Ирак и 1 во Нигерија. Во Колумбија бројката на убиени е најголема: 22 од синдикалистите кои починале беа високи синдикални лидери и пет биле жени. Порастот на насилство во Гватемала и Хондурас е навистина загрижувачки.
Забележани се уште десет обиди за убиства и 35 сериозни смртни закани, повторно најмногу во Колумбија и Гватемала. Покрај тоа, голем број на синдикалисти останале во затвор. Биле уапсени синдикалисти во Иран, Хондурас, Пакистан, Јужна Кореја, Турција и Зимбабве. Општата ситуација за синдикалните права продолжува да се влошува во голем број земји, вклучувајќи го и Египет, Руската Федерација, Јужна Кореја и Турција.
Синдикалните права продолжуваат да бидат прекршени и репресијата на синдикалистите и понатаму продолжува додека владите не успеваат да ги исполнат нивните одговорности меѓу кои е одговорноста да се обезбеди дека синдикалните права се почитуваат и луѓето кои ги бранат овие права се заштитени. Во голем број земји, владите повторно покажа дека тие имаат намера да ги држат синдикатите под нивна цврста контрола.
Антидемократските сили продолжуваат да целат кон синдикалните активности, свесни дека синдикатите се често на фронтот во одбраната на демократијата. Тоа беше евидентно во Хондурас за време на пост-државниот удар и насилството во Гвинеја за време на протестот против владејачката хунта која се претвори во ужасен масакр на 28 септември.
Многубројни случаи на стопирање на штрајковите и репресија на штрајкувачи беа документирани во секој регион. Илјадници работници кои штрајкуваа за плати, за уништување на лошите услови за работа или за штетните ефекти на глобалната финансиска и економска криза се соочија со тепање, апсење и притвор, во Алжир, Белорусија, Бурма, Брегот на Слоновата Коска, Египет, Хондурас, Индија, Иран, Кенија, Непал, Пакистан и Турција. Отпуштањата на работниците поради нивната синдикална активност беа пријавени во многу земји. Во Бангладеш, шест работници кои штрајкуваа за зголемување на платите починаа по интервенција на полицијата.
Вршењето притисок од страна на работодавачите продолжува да биде широко користено. Во неколку земји, компаниите име се закануваат на работниците со затворање или преместување доколку тие се организираат или се приклучат во синдикат. Често работодавците едноставно одбиваат да преговараат со претставниците на работниците додека властите не прават ништо. Некои закони дури беа изменети за да се овозможи повеќе "флексибилност" и помагаа да се разлабават социјалните системи кои често влијаат на постоечките индустриски односи и на тој начин да се ограничат синдикалните права.
Друг негативен ефект на економската и финансиска криза е во тоа што се повеќе и повеќе работници се принудени на разни форми на несигурна работа. МОТ проценува дека 50 отсто од глобалната работна сила е вклучена во несигурна работа. Ова влијае на работниците во зоните за извоз, особено во Југоисточна Азија и во Централна Америка, на домашните работници (особено на Блискиот Исток и југоисточна Азија), мигрантите како и земјоделските работници. Вреди да се спомне дека жените претставуваат значителен дел од работната сила во овие сектори. Понатаму, растот на неформалните вработување и развој на нова "атипична" форма на вработување беше виден во двата региони и индустриските сектори. Овие работници се соочуваат со тешкотии да се организираат или да ги користат своите синдикални права што е директно поврзано со нивната ранлива позиција на пазарот на трудот.
Законодавството заштитува одредени синдикални права, но често доаѓа до ограничувања. Основните права остануваат ограничени за многу категории на работници, вклучувајќи ги и јавните службеници во неколку земји. Строги рестрикции или целосна забрана на штрајкови исто така постојат во голем број на земји. Покрај тоа, комплексни процедурални барања, наметнување на задолжителна арбитража и употреба на прекумерно широки дефиниции на основните одредби, често прават остварувањето на синдикалните права да бидат невозможни во пракса, лишувајќи ги работниците од своите легитимни права на синдикално учество во индустриските акции.
Во 2009 беше одбележана 60-годишнината на Конвенцијата на МОТ за правото на Организирање и колективно договарање, 1949 (бр. 98). Земји како што се Канада, Кина, Индија, Иран, Република Кореја, Мексико, Тајланд, САД и Виетнам се уште ја немаат ратификувано оваа Конвенција. Така, приближно половина од економско активното население во светот не е опфатено со оваа Конвенција. Дури и кога би се ратификувала, имплементација на оваа Конвенција која е од витално значење, би била слаба. Почитување на правата за организирање и колективното договарање се од суштинско значење за враќање на куповната моќ и економскиот раст во светот, и владите мора да дејствуваат за да се обезбеди дека овие права се почитуваат во законот и во пракса. Алтернативата е поголема нееднаквост и подлабока рецесија.
Слободното изразување на основните синдикални права од страна на синдикатите е, исто така, од суштинско значење за функционирањето на едно демократско општество и на глобалната економија која се базира на социјална праведност. ITUC ќе продолжи да се бори за заштита на овие права, и ќе дава поддршка и солидарност на мажите и жените, кои ги ризикуваат нивните работни места, нивната слобода, па дури и своите животи за да ги бранат правата на работниците.