ВО ЖЕНЕВА СЕ ОДРЖУВА 99. МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТРУД

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

14.06.2010

Оваа година на конференцијата се расправа за пристојна работа, сидата во светот на работниците, стратешките цели на вработување и Декларацијата за основните принципи на работа. Во македонската делегација претставници од Владата, синдикатите и работодавачите...

Од конференцијата: глобалната криза најмногу ги погодува работниците

 

Пристојна работа за работниците, сидата во светот на работниците, примената на конвенциите на Меѓународната организација на трудот (МОТ), генералната дискусија за стратешките цели за вработување и преглед на настаните по Декларацијата за основните принципи и права на работа од 1998 година се тематските целини на 99 – та Меѓународна конференција за труд, која се одржува во месец јуни, во Палатата на нациите во Женева, Швајцарија.

На конференцијата вкупно присуствуваат 183 земји членки на МОТ, со тоа што секоја членка е претставена од делегација од најмалку двајца претставници на Владата, претставник на работодавачите, претставник на синдикатите и нивни советници.

Делегацијата на Република Македонија ја сочинуваат Џељаљ Бајрами, министер за труд и социјална политика, додека од истото министерство се присутни Маја Папатолевска и Сејди Џемаили. Претставници на работниците од Република Македонија се Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и Дојчин Цветановски, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура. Од страна на работодавачите во Женева е присутен Димитар Стојановски, претседател на Организацијата на работодавачи. Во македонската делегација се вклучени дипломатските претставници во Швајцарија, и тоа амбасадорот Азиз Положани и секретарот Бурим Билали.

Земјите членки на Меѓународната организација на трудот еднаш годишно одржуваат конференција за труд. На конференцијата која е во тек беше кажано дека мерките за рестрикција, посебно во социјалните програми, ќе ги погодат работните места и платите, и тоа во време на бавно економско опоравување и зголемена невработеност. Генералниот директор на МОТ, Хуан Сомавиа, повика на “балансирана стратегија на конвергирана политика“ која ќе биде базирана на обезбедување на закрепнувањето. Сомавиа укажа на потребата од движење кон силен, одржлив и балансиран развој и на потенцирањето на структурниот дебаланс на глобалната економија која постоеше пред кризата.

На првиот панел на конференцијата се дискутира за начините за закрепнување и за негување одржлив и балансиран развој. Вработувањето треба да стане макроекономска цел на ист начин како ниската инфлација и дефицитот. Треба да се проширува продуктивното инвестирање и да се осигуруваат стратегиите за вработување. На вториот панел ќе се зборува за придонесот на продуктивно вработување и социјалната заштита врз побрзиот прогрес и развојните цели, потоа за прашањето што може да се направи за да им се овозможи на луѓето пристап до продуктивни работни места. Теми на вториот панел се изнаоѓање излез од сиромаштија и клучните димензии на социјалната заштита. На дискусиите се земени во превид крајните резултати од неодамнешниот состанок на министрите на “Г 20“, лидерскиот самит на “Г 20“, како и на самитот што ќе се одржи во септември оваа година.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc