УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МРЕЖАТА ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА ВО ЦРНА ГОРА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.05.2010

Од први до четврти јуни во Игало, Црна Гора, ќе се одржи Почетна конференција на проектот “Мрежа за здравје и заштита при работа“. Носители на проектот се синдикатите од финансиските дејности на Македонија, Србија и Црна Гора...

Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиските дејности на Македонија

 

Во летувалиштето Игало, Црна Гора, од први до четврти јуни ќе се одржи Почетната конференција на проектот “Мрежа за здравје и за заштита при работа“. Учесници на проектот се Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ), Синдикатот на банките и финансиските организации СС “БОФОС“ од Србија и Синдикатот на финансиските организации од Црна Гора. Проектот ја опфаќа и Хрватска, од каде учествуваат Независните Хрватски синдикати, Хрватската асоцијација на невработените и Организацијата на работодавачи, информира Гоце Селовски, претседател на СФДМ.

На конференцијата ќе настапи претседателот на ССМ Живко Митревски. Планирано е македонската страна да ја претставуваат 15 претставници, и тоа од Парламентот, Министерството за труд, Организацијата на работодавачи, Правниот факултет, правосудството и од невладини организации чија агенда е мобингот. Исто така, на конференцијата странски експерти ќе обучуваат четири лица од Македонија за тренери во формирањето и развивањето на регионалната мрежа за мобинг.

Во Европската Унија постојат повеќе различни пристапи на регулирање на мобингот. Во некои земји се донесени посебни закони, во други не се, но проблематиката сепак се третира на различни начини. Најважно е што во Унијата на највисоко ниво на психичките притисоци им се посветува најголемо внимание. Проектот инаку е финансиран од Претпристапниот фонд “ИПА 2008“ (Civil Society Facility), објаснува Селовски.

Презентацијата на Регионалниот проект “Мрежа за здравје и заштита при работа“ се одржа на 11 март во Скопје. На презентацијата учествуваа претставници на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, потоа на Народниот правобранител, Универзитетот “Кирил и Методиј“, Организацијата на работодавачи, “Здружение за помош и заштита на жртвите од мобинг“ од Хрватска од други организации и институции.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc